Дома Археологија Херкулес на Сител

Херкулес на Сител

1,182 views
0
На времето на Сител одеше еден серијал во 145 962 епизоди за мега ѕвездата на грчката митологија Херкулес (илити Херакле кај Римјаните, Херк кај Американците). Ако не пристапам од професионалнa гледна точка, таа серија задоволуваше одередени критериуми. Добра екранизираност во една прилично лигава американска  продукција, богатството на костумите, до некаде употреба на компјутерска технологија и секако шармантноста на главните ликови. Дури не може да се најде и некоја поголема замерка на тематиката на епизодите, земени воглавном од грчката митологија, иако и тука се појавија голем број на грешки.

Тоа траеше додека не се случи толку голема популаризација на еден митолошки лик, што тој ги премина границите на фантазијата и физички се материјализираше покрај еден настан, кој и самиот по себе е поприлично спорен.

Мислам дека сценаристите се надминаа самите себе (и не им беше прв пат) во својата глупост од сценарио, во епизодата во која Херкулес присуствува на раѓањето на Исус Христос. Ако се земе во предвид дека едниот е лик од митологијата, а другиов од религијата, малку е небулозна оваа перцепција и просто кажано нереална. Ама да не отворам сега тема пак колку е реална грчката митологија.

Добрата страна на Митот за Херкулес е што тој трел долго. Прво кај Старите Грци, па потоа и кај Римјаните.  Предноста на Римското царство да дозволи секому да верува во кого сака го оддолжило почитувањето на Херкулес скоро до крајот на доцната антика. Поприлично долг временски период на живеење, како за еден измислен карактер.

Во текот на овие два и пол милениуми, постојат доста ликовни представи и на Херкулес и на Исус Христос, што секако само ја зголемува нивната популарност. Посветени им се многу храмови и голем е бројот на нивните поклоници. Не го велам и тоа дека е невозможно тие да биле почитувани во ист временски период. Римјаните биле доста паметна нација, и Римското Царство опстанало 1000 години од повеќе причини, а една од нив како што веќе напоменав, е што на секого му дозволиле да верува во својата сопствена религија. Дури и христијанството кога било признаено, како се вели во записите, било признаено НЕ како официјална, туку како една од официјалните религии на Рим.

Меѓутоа единствена заедничка карактеристика според мене, која може реално да се извлече од нивната компарација е дека фамата за нив ќе потрае уште доста време. Бидејќи обата лика се сретнуваат само во писанијата и се уште не in situ докажани на терен.

Haud vultus , Haud futurus

© arheoblog 2006

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име