Знам дека додека патував, поминав доста станици каде што чекав да продолжам понатаму и каде запознавав нови луѓе и стекнав нови пријателства. Како и секогаш, некои од нив ми стануваат пријатели и продолжувам да комуницирам и покрај далечината. Бикоз ви ар ливинг ин д сејм сиркл, анд д сиркл из тајт. Анд раунд, оф корс.
Тука каде што во сум, отсечени сме од било каков тип на цивилизација и во моментов не досега ниту сигнал од мобилен телефон, а камо ли интернет . Но и покрај тоа што знам дека сум далеку од дома, исто така знам дека ми е супер. Еднаш одамна кажав. Има два типа на луѓе во однос на професијата. Во првата група спаѓаат оние кои сами си ја одбрале својата професија, а вториот тип се тие кои професијата ги одбрала нив. Јас припаѓам во оваа втората група. Ја работам, ја сонувам, ја живеам и ја дишам работата која ја сакам.
Ми недостига само едно нешто за да бидам комплетна. И тоа е она кое ме крепи да го издржам товарот на напорниот терен, зошто знам дека кога ќе се вратам дома, задоволството ќе биде целосно. И како по обичај нема да дознае колку многу мислам на суштината, незаборавајќи ја битноста, се додека не го прочита ова.