Посебна благодарност изразувам до тројца свои читатели кои доаѓаат од Cocos (Keeling) Islands – Австралија/Океанија, Elmwood Park, Illinois – United States и University of Manchester, Manchester, United Kingdom. Доста често во мојот бројач на посети ги сретнувам нивните ај пи адреси, и со оглед на фактот дека се задржуваат и повеќе од потребното време да се прочита некој пост, претпоставувам дека го разбираат македонскиот јазик. Ја користам приликава да им се заблагодарам и на сите читатели кои перманентно или спорадично го посетуваат мојот блог, биле тие блогери, повремени или случајни намерници. Исто така упатувам директна “захвалност” на сите персони (некои веднаш ќе се препознаат) кои досега ми помогнаа со идеи, забелешки, коментари и критики, зошто без нив археоблогот немаше да изгледа како што е, да биде тоа што е, а јас да пораснам за цела една педа.:)
На секого од вас ви дарувам по една голема насмевка