Home Антропологија Pale Cocoon

Pale Cocoon

2,031 views
0

Замислете да постоиме без минато, да не се сеќаваме на ништо од историјата. Светот да не познава океани, планини, сонце и месечина. Да го живееме секој ден во потрага по сеќавањата за нас и Земјата, впишани во дигитални записи кои лебдат некаде во етерот. Работиме само на тоа да ги „откопаме“, анализираме и дотераме тие записи на слики, да ги подредуваме и да ги ставаме во некаков контекст, нaдевајќи се дека ќе ја откриеме вистината за светот кој некогаш не’ опкружувал. Се’ додека не ја откриеме…”

Pale Cocoon, кратка sci-fi анимација, за реалноста која следи, ако продолжиме да се однесуваме безгрижно со светот окoлу нас…”

[youtube]VYzo595EUMw[/youtube]

Замислете да работите како археолог таму некаде во иднината, кога се од нашето совремие ќе биде само едно далечно, замаглено и заборавено минато. И покрај тоа што технологијата отишла многу напред, поголем дел од сеќавањата е заборавени и складиран во архиви на податоци кои се многу оштетени, тешко се пронаоѓаат и реставрираат. Во т.н. Archive Excavation Department работат луѓе кои се обидуваат да ја реконструираат човечката историја многу време пред таа да биде уништена од ниската свесност на луѓето за околината и за светот. Дали потрагата по знаењето за минатато ќе го смени светогледот и ќе донесе радост, или тага?

Ќе размислувам на оваа тематика, па дополнително ќе пишам. До тогаш, благодарам за прекрасното аниме во една пролетна скопска хаику вечер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here