Како што имам повеќепати до сега напоменато, оваа последна (се уште моментална) гарнитура на Владата на РМ со своите постапки во полето на археологијата ми остави материјал кој би ми бил доволен да пишувам научни трудови до крајот на животот. Па дури и ништо да не прочитам од областа на археологијата. Понекогаш моите согледувања на “бракот” помеѓу археологијата и политиката после извесен период ги сублимирам, па така настана и текстот Transitional archaeology in a Transitional Country.
Конкретната причина за овој напис е археолошка политика, или ако милувате политиката на археолошки ископувања кај една земја во транзиција, која се спроведува во последните триесет години. Во него давам преглед на динамиката на истражувањата во периодот од 1986/7 до 2007 година. Потоа во аналите на историјата е запишано дека настанува процват, ренесансно доба на македонската археологија, со патолошки инклузии да стигне најдалеку до рококото. Текстот е скратена верзија и преработка на дел од истоимената тема со кој настапив на 13 симпозиум на Европските археолози 2007 г. во Задар. Постовите во вид на серијал за сега ќе одат на мојот блог на англиски, нели се додека не ми текне да си инсталирам plugin за јазици на wp-во. А може ќе ми текне да го преведам и на македонски. 😀
[…] серијал, бидејќи претходниот пат настапив со темата Transitional archaeology in a Transitional Country (врска 1, 2). Како што имам повеќепати до сега […]
[…] серијал, бидејќи претходниот пат настапив со темата Transitional archaeology in a Transitional Country (врска 1, 2). Како што имам повеќепати до сега […]