Home Cпонзорирано Интерпретациска Работилница (Meet, See, Do 2024): Интерактивност со деца и млади преку...

Интерпретациска Работилница (Meet, See, Do 2024): Интерактивност со деца и млади преку игрификација и раскажување приказни за наследството

742 views
0
Participants at my interpretive workshop ''Engaging children and youth with storytelling and heritage gamified activities'', "Meet, See, Do" 2024

Изминатиот период ја имав привилегијата и задоволството како претставник на ХАЕМУС да учествувам на меѓународната конференција “Meet, See, Do” 2024 којашто на 18-19.04.2024 во организација на Balkan Museum Network а со подршка од Музеј и Галерија Тиват и општина Тиват, се одржа во Тиват (Црна Гора). Повеќе за активностите во рамките на конференцијата може да се прочита тука, а во овој текст сакам да се осврнам на мојата работилницата којашто ја одржав за професионалците од областа на наследството.

Работилницата насловена како ”Engaging children and youth with storytelling and heritage gamified activities” се случи на 18.04.2024 во Музеј и Галерија Тиват, во присуство на 20 учесници од Балканот. Сесијата модерирана од Милена Милошевич Мичич од Музејот во Књажевац ја реализирав во два дела. Прво одржав опсежна презентација во којашто вклучив голем број на лични примери од интерпретација на наследството кадешто ги имам инкорпорирано иновативните интерактивни гамифицирани елементи кои се специјално дизајнирани за да ги ангажираат децата и младите. Во најголем дел тоа се активностите од едукативната програма на ХАЕМУС насловена како „Млад истражувач“, како и бројни примери од Storytelling Skopje, моја лична едукативна програма од областа на интерпретција на наследството.

Целта беше да се истакне ефективноста од инкорпорирањето на елементите на игра во образовните активности кои во комбинација со интерпретациските модели и storytelling-от, овозможуваат да се создадат привлечни и извонредни искуства кои го прават учењето кај децата и младите прифатливо, а споделените информации за наследството преку ваков интерактивен пристап остануваат запомнети за многу долг период.

За вториот дел од работилницата специјално дизајнирав интерретациска вежба во која експерите поделени во групи имаа задача и самите да смислат игра низ просторот која ќе ги опфати сите моменти на игрификација и storytelling-от (раскажувањето на приказни), но со примена на алатките на интерпретацијата. Со оглед на реакциите кои стигнаа по работилницата а и подоцна, сметам дека сесијата беше успешна и деа поттикна еден нов праве на размислување кај професионалците од областа на наследството за подинамичен пристап кога работат со деца и млади.