Home Антропологија Џоломарите од Бегниште

Џоломарите од Бегниште

736 views
0
Џоломарите од Бегниште, 📷 Нова Македонија

Си спомнувам првата работа којшто ја научив на семинарот на УНЕСКО за менаџмент на нематeријалното наследство беше дека треба да се одвикнам од употреба на зборовите автентично, уникатно и оригинално културно наследство. Што навистина тешко паѓа кога ќе се земе предвид фактот дека навистина имаме традиции стари стотици години од кои некои сѐ уште се практикуваат во изворна форма, како што се на пример Џоломарите во с. Бегниште.

За вистински да го разберете овој обичај, го препорачувам документарниот филм „Духот на џоломарите од Тиквешко“ во продукција на МТВ, каде за оваа традиција од прва рака говорат етнолозите од локалниот музеј галерија Кавадарци, кои се и најблиску до Бегниште и долго ја имаат истражувано и документирано на терен оваа традиција.

За овој обичај секако не можеме да зборуваме пред 1519 година од кога датираат најстарите податоци за селото, но секако се вбројува помеѓу оние традиции кои визуелно и емоционално долго се паметат. Верувам дека кај секој оној којшто имал прилика да присуствува на овој обичај на 13 јануари, ноќта наспроти Василица и утрината од следниот ден, сѐ уште се присутни вибрациите кои ги предизвикуваат маскираните учесници во карневалот додека ги носат клопотарците и ѕвонците кои долго одѕвонуваат бркајќи ги злите духови.

Во согледувањето на тоа колку сме различни, а сепак слични во нашите исконски корени и поврзаностa со природата, ни помага една галерија на фотографии кадешто не има и нас а тоа е причина повеќе дека треба да бидеме внимателни со културно наследство и ритуалите кои се практикуваат во Европа и низ светот во однос на вакви слични пагански обреди.

Би било од корист да се изгледа и документарниот филм „Карневалот, царот на Европа“ кој е резултат на неколкугодишен европски проект во кој како партнер има учествувано и Музејот на Македонија. Станува јасно дека вакви слични традиции како онаа на Џоломарите во Бегниште, има всушност по целиот свет и сите тие според етнолозите имаат една иста цел, поточно обредното колективно маскирање, или обредните игри под маски се поврзуваат со магијата за плодност, поконкретно со имитативната магија за унапредување на вегетацијата и плодноста.

Сепак, би потенцирала дека за разлика од другите слични традиции кои се практикуваат на територијата на Европа особено во истиот период, обичајот на Џоломарите во Бегниште се разликува по тоа што има инкорпорирано многустрани пагански елементи кои се практикуваат за време на една од 12-те некрстени ноќи, но се слеале со правосланиот празник Василица и како театарска престава секој учесник добил посебна маскирана улога во овој прекрасен ритуал.

Извор

Тука сме за да ја истражуваме, документираме и истакнеме посебноста на обичаите кои се практикуваат на територијата на Македонија како дел од колективното културно наследство. Доколу оваа година патот ве нанесе накај Бегниште, ви посакувам весела, ведра и инспиративна паганска џоломарска вечер. Можеби некаде попатно и ќе се сретнеме!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here