Home Антропологија Среќна Баба Марта – Подарете им мартинка за среќа на најблиските

Среќна Баба Марта – Подарете им мартинка за среќа на најблиските

2,598 views
0

По повод ‘Среќна Баба Марта’ – 01.03.2014

Среќна Баба Марта е настан кој ХАЕМУС – центарот за научно истражување и промоција на културата од Скопје, го празнува секоја година на 01.03. прославувајќи ги во исто време доаѓањето на пролетта и древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки.

Изработката и поклонувањето мартинки на најблиските е традиција која во Република Македонија се почитува со стотици години. На овој ден карактеристични црвени и бели висулци, топчиња и исплетени бразлетни познати како мартинки се разменуваат или се поклонуваат на најблиските, и се носат закачени на облеката или врзани од зглобот на раката.

Постојат различни обичаи при традиционалното подарување на една мартинка. Генерално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја меѓусебно испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година.

Martinki_Republic_of_Macedonia

ХАЕМУС ги почитува мартинките како нематеријално културно наследство и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција.

Оваа година настанот под мотото ‘Подарете им мартинка за среќа на најблиските’ го организира УНЕСКО клубот ХАЕМУС, во соработка со Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија и Институтот за фолклор ,,Марко Цепенков”. Настанот ќе се случува во City Mall Skopje, а се прави како поддршка за мултинационалната апликација до УНЕСКО, во која учествува и Македонија, заедно со Романија, Бугарија и Молдавија. Целта е заштита на мартинките како нематеријално светско културно наследство.

Повелете во City Mall Skopje на 01.03.2014 год, во 11ч. да си изберете и да подарите мартинки на вашите најблиски.

Настанот со своја страница на фејсбук

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here