Home Антропологија Видео – Грчката надворешна политика и македонското име, споредби од минатото и...

Видео – Грчката надворешна политика и македонското име, споредби од минатото и сегашноста

2,497 views
0

За сите археолози и историчари треба да важи премисата: Kолку и да боли вистината, мора да се раскаже и да се запише!

Постојат неколку вистини, мојата, твојата и онаа која никогаш нема да ја дознаеме. А реално може да постојат и повеќе вистини. Исто така постои и нешто што се нарекува историска вистина. До неа се доаѓа кога сите вистини ќе се контектуализираат низ научни трудови и записи, и она што ќе го преживее тестот на времето е всушност најблиску до реалната вистина. Е сега ќе ме запрашате, што е реалност, а што вистина? Од вистината можеш да извадиш онолку колку што ќе ставиш во неа. Од реалноста онолку колку што можеш да сносиш последици. Бидејќи секоја вистина носи некакви ‘последици’. Значи, логичен е заклучокот дека реална е онаа вистина која носи последици. Тогаш сфаќаме дека е вистинита, бидејќи ако ги нема последиците нема да знаеме дека вистината е реална.

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ од Скопје, на 23.05.2013г. го организираше предавањето „Грчката надворешна политика и македонското име – споредби од минатото и сегашноста“, од проф. д-р. Далибор Јовановски. Настанот се одржа во Музеј на град Скопје, а поводот беше спорот помеу Република Македонија и Грција околу нашето право на користење на името Македонија и етнонимот Македoнец/ Македонци, кој за за жал, повеќе од дваесет години е пречка за нормален развој на нашата држава. Но дали е тоа навистина така?

Познавачите на оваа тематика велат дека една од причините за ваквиот став и однос на Грција кон нашата земја е и историјата, а според некои историчари, тоа е главна причина. Во Република Македонија, досега, малку се посветуваше внимание околу грчките тврдења за македонското минато. Еден дел од оние кои говореа за таа тема не беа научници, туку дилалји и квази-експерти на кои медиумите им посветува(а)т многу внимание и се уште им отстапуваат доволно простор овозможувајќи им притоа да ни ја контаминираат нашата документа презента. Малкумина се оние кои се обидуваат да ја анализираат грчката позиција низ призмата на историјата. Затоа е потребно јавноста, повремено, да се запознае со некои погледи кои можат да придонесат за подобро согледување на грчките позиции и аргументи.

[youtube]u8vncjAiMQ0[/youtube]

Без многу помпа, со крајно внимателна публика, во едно одлично предавање и со многу голема стрпливост од страна на професорот Јовановски, тој детаљно објаснуваше за последиците кои ги трпи Република Македонија и незјините граѓани од страна на соседна Грција. Професор д-р. Далибор Јовановски кој е одличен историчар и за среќа наш современик, е еден од ретките луѓе во нашата држава кој може на научно ниво да го објасни спорот со Грција кој има ‘историски’ корени и се провлекува повеќе од 150 години. Настанот го следеа и повеќе медиуми, па тука можете да погледнете еден скоро стенограмски запис на дел од предавањето, како и интервјуто кое следеше по завршување на истото.

Решение во спорот со Грција за името Република Македонија има, ама ‘нема решение’ за јазикот, бидејќи задира во идентитетот. Во текстот е вгнездено видео од предавањето кое ви препорачувам да го изгледате, пред следниот пат да почнете да се лупате во градите околу спорот со Грција. Особено предавањето им го препорачувам на нашите замаени, многу “елоквентни’, а тотално неекспедитивни политичари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here