На 30.06.2012 година заедно со Ива Дујак (@notsocialmedia), Андреј Шевченко (@cchevymk), Сеад Џигал (@sead93), Мартин Димовски (@lacialec), Виктор Стојановски (@zuberot), Јована Тозија (@jovanatozija) и Иван Димоски (@MedoDimoski), ќе бидам дел од Караванот низ Македонија кој се организира како локално одбележување на светскиот Social Media Day. Заедно со нас ќе патуваат организаторите Дарко (@darko156) и Наталија (@natalija) и секако сите оние кои би биле заинтересирани за едно социјално ‘офлајн’ дружење.
Горе-долу, сите ние сме „зависници” од социјалните медиуми, и со комбе ќе се упатиме во неколку града низ Македонија каде ќе се дружиме заедно со локалната заедница и ќе споделуваме знаења на многу теми. Агендата за 30 јуни (сабота) содржи локации кои настанот ќе го пратат целиот караван онлајн:
– 09.00 Тргнување од Скопје (место на поаѓање Железничка станица)
– 12.00 Прилеп – Клуб Калипсо (старо Габијано) (FB настан, Meetup)
– 16.00 Тетово – Кафе Амнезија (FB настан, Meetup)
– 19.00 Куманово – Ирски Паб (FB настан, Meetup)
– 21.00 Скопје – Кафе Излет (FB настан, Meetup)
Тој ден, цел ден ќе твитам и ќе пишувам статуси на фејсбук. Можете да ме следите на сметката на твитер како @arheoblog или на сметката на фејсбук. Се надевам на интересно, забавно и пред се релаксирано дружење како дел од подигнувањето на јавната свест за значењето на социјалните/друштвените медиуми. Се гледаме и се читаме во сабота!
Твитер тагови за настанот: #smday #smdaymk