Home Антропологија Пет нови книги на Небојша Вилиќ по повод Првото архитектонско востание

Пет нови книги на Небојша Вилиќ по повод Првото архитектонско востание

3,295 views
0

Му благодарам на Небојша Вилиќ што своите ‘критички’ размисли ги споделил со нас. Би било убаво доколку сите овие добро обликувани книги, спремни за печатење и за слободно споделување, се стават под лиценцата на Криејтив Комонс.

[преземи]
(134 страни и 76 илустрации во боја)

Книга со шест интервјуа, три текста и една табела со оценки за најновите поставени и оние што допрва треба да се постават скулптури и за аспектите на новите архитектонски остварувања во централното подрачје на Скопје. Текстовите се и расправа за идеолошките, политичките и системските стратегии на тековното разбирање на демократијата во Македонија…

[преземи]
(98 страни и 15 илустрации во боја)

Книгата претставува преобјавување на тринаесетте колумни пишувани и објавени за двонеделникот „Форум“ во текот на 1999. Кон нив е придодаден уште еден подолг полемички текст со книгата „Мојот занает“ и некои од тезите на Бојан Иванов во неа, којшто го проблематизира ставот дека ликовната/уметничката критика треба да биде само последователна, но не и промоторна…

преземи]
(78 страни и 13 илустрации во боја)

Книгата е едно подолго интервју за прашањата на не/хетеросексуалните уметнички пракси во македонската ликовна уметност низ историјата и во сегашноста. Во основа, текстот го проблематизира настојувањето една уметничка пракса да се именува или определи само врз основа на родовата или сексуалната ориентација на уметникот. Тој колку што е критика на ваквиот став, толку е и критика на нечувствителноста кон разликите во македонската култура.

(116 страни и 11 илустрации во боја)
[преземи]

(134 страни и 16 илустрации во боја)
[преземи]

Двете книги Интервјуз_1 (за уметноста) и Интервјуз_2 (за културата) се збирка на разговори водени, давани и објавувани во текот на последните петнаесетина години. Тие се однесуваат на повеќе прашања врзани за уметноста и културата општо, но, пред сè, за македонската уметност, култура и културна политика. Низ нив се проткајува своевидна документација за настаните и случувањата, иако нивната подреденост не е хронолошка. Интервјуата се давани во различни пригоди и по различни поводи. Еднаш тие се за потребите на проектини истражувања на колеги кои, секој во својата област, вршеле пообемни и пошироки преиспитувања на состојбите во уметноста и културата во Македонија. Друг пат тие биле за потребите на нечија научно-истражувачка работа, кога, врз основа на анкетната форма, се доаѓало до заокружување на истражувачките теми. Трет пат за различни неделни и дневни печатени медиуми коишто со нив интервенирале во однос на некоја акутна тема или појава од поширок јавен интерес.

Сите информации во врска со овие книги, се превземени од блогот на Небојша Вилиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here