Home Лично Поклони ми град за денот на мојот роденден …

Поклони ми град за денот на мојот роденден …

2,477 views
1

 

Кога ќе се појави овој пост јас ќе бидам далеку. Толку далеку што вреди уште еден момент мистерија пред конечно да ја кажам јавно мојата мала, кратко чувана, но долго посакувана тајна. Нема да ви се верува дека во 21 век исто како во минатото, некој може да ви поклони град. Но не било каков град, туку градот-бајка. Градот во кој однапред знаев дека во исто време ќе ми биде и убаво и романтично, единствено и неповторливо. Град кој ако не  постоел, тогаш би требало одново да се создаде.

На сите пријатели на денот на мојот роденден им праќам прегратки и поздрави од прекрасната Венеција.

 

Ден за ден
непрекален
мечтаелен,
ден…

Ден во кој
напишав
препишав
од некој иден…
ден..

Ден во кој
созревам
истекувам…
се преобразувам во…
ден.

Ден во кој
содадов
ист таков ден
За да можам
еден ден
да пронајдам
ден…
како овој
ден.

1 COMMENT

  1. Да си здрава, жива и весела, како што и си 🙂
    п.с. да не заборавиш пред катедрала во Фиренца… 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here