Home Архео TV 2.0 Чекорејќи по скршени чаши

Чекорејќи по скршени чаши

1,812 views
0

 

Од средината на 80`те до средината на 90` години од 20 век светот беше зафатен со адаптирање на најразлични костимирани филмови, опери и серии чие дејство беше сместено во некоја од средновековните држави (Англија, Франција итн). Ова време на нежност но и на интриги, превари, тајни љубови и турбулентни војувања создаде дела кои филмската индустрија не само што ќе ги запамети, туку и ќе ги награди со бројни награди. Би наброила само некои од нив како Опасни врски (Dangerous Liaisons), Црна Гуја (Blackadder), Злоби намери (Cruel Intentions), Валмонт (Valmont), а малку подоцна ќе дојдат и Време на невиност (The Age of Innocence), Лудилото на Кралот Џорџ (The Madness of King George), Кралицата Марго (Queen Margot) и Реставрација (Restoration).

Веројатно како реминисценција на оваа фаза се создаде едно малo ремек-дело кои ги содржи сите овие карактеристики, во збиена форма. Секако тоа е спотот за песната Walking on Broken Glass на Ени Ленокс (Annie Lennox) од 1992 година каде што како мал куриозитет може да се видат глумиците Џон Малкович (John Malkovich) и Хју Лори (Hugh Laurie), во дејство кое е сместено во 18 век. Нив ги паметиме по улогите во Опасни врски и посебно Лори како Принц Хенри од Црна Гуја 3. Едноставно уживајте. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here