Home Археологија Идентитетот на Синтезис бесплатно на Скопското Кале

Идентитетот на Синтезис бесплатно на Скопското Кале

6,368 views
3

 

Еве како лично ги доживеав настапите на Синтезис направени во рамките на нивниот мини-проект кој беше замислен како промоција на културно-историски споменици и локалитети во Македонија на кои тие одржаа концерти.

Да имаш бесплатен концерт на група за која во светот луѓето плаќаат скапи карти и тоа на локалитет кој е од витално значење за светската култура, во наши услови е рамно на подвиг. Но, и ти драг читателу да требаше до монументален објект како што е Скопскиот Римски Аквадукт да дојдеш со помош на гатање на гравчиња зачинето со крос кантри екскурзија низ беспаќата на населбата Бутел, ќе ти беше јасно зошто на денешниот концерт на Синтезис имаше само околу 200 посетители.

Од постот – Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство

Амамот со децении стоеше руиниран како некоја последна прчварница, додека не започна проектот за ревитализација на Старата чаршија. Јас го паметам како едно запуштено место, лоцирано наспроти кафулињата каде што излегував како тинејџер. Во 2002 год. заврши целосната реконструкција на неговиот ентериер. Оттогаш наваму се користи воглавном за поставување на редовни и повремени изложби и денеска амамот кој блеска со сиот свој сјај, помеѓу сите случувања, оваа сабота ќе го вброи и настапот на етно-групата Синтезис.

Од постот – Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек?

Матка не е само речно крајбрежје и тесни планински патеки.
Матка е мир, духовна рамнотежа…прекрасен пејсаж 🙂
Матка е заборавено македонско катче, тука зад грбот на градот. Блиску, а сепак далеку.
Матка е место каде треба да се запре пропаѓањето на културните и природните вредности. Под итно се потребни неколку археолошки интервенции и конзервации.

Во разговорот Маја ми напомена дека и таа и Синтезис се по малку разочарани за малата посетеност на некои од концертите, што секако пред се се должи на слабото известувањето од страна на медиумите. За да не се случи истото и со културните споменици на Матка, кои секако го заслужуваат вниманието, ќе се потрудам да ви објаснам покрај концертот, какво богатство се крие во пазувите на ова вонземско катче.

Од постот – Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia

Со Кибицер и Секи на Матка
Во позадината се гледа црквата Св. Андреја

Да стигнете во Стоби кој се наоѓа во Градско на местото каде реката Еригон (Црна) се влева во Аксиос (Вардар), независно од каде доаѓате, секако морате да му пријдете од автопатот Е 75. Имајте во предвид дека на локалитетот можете да му пристапите од два различни правци.

Така за да ги слушнете Синтезис кои ќе свират во Театарот во Стоби, морате да имате упатство за вашиот итинерар низ локалитетот. Откако на влезот ќе го поминете Музејот, движејќи се по улицата Via Principalis Inferior, прво ги одминувате Цивилната и Северната базилика зад кои се наоѓа Малата бања, а потоа ги поздравувате Евреите во Синагогата базилика. Ако одлучите да свртите на аголот лево вдолж улицата VIa Axia движејќи се накај Римскиот форум, попатно можете да се воодушевувате на мозаиците во Куќата на Псалмите.

Од постот – Упатство за употреба: Како да ги слушате Синтезис во Стоби

Стоби – Блогерите со поубавиот дел од групата Синтезис

Една година подоцна гледам дека некои од поубавите постови сум ги посветила токму на групата Синтезис и нивната благородна идеја за заживување на некои подзаборавени локалитети, иако според третманот од страна на државата би рекла дека сите локалитети ни се некако ептен заборавени. Се надевам дека љубителите на музиката а воедно и на македонското културно наследство нема да ја направат истата грешка. На 30 јуни Синтезис во рамките на Скопското лето ќе го промовираат својот најнов албум ,,Идентитет” со бесплатен концерт на Скопското Кале.

Јас ќе ве очекувам. Скопско Кале е археолошки локалитет на која ја познавам скоро секоја педа бидејќи минатата година работев 7 месеци за време на неговото ископување. За да биде задоволството двојно, доколку се организирате повеќе блогери и ми се најавите, еден час пред настапот на Синтезис од мене ќе добиете бесплатна тура низ локалитетот. До тогаш, оној кој ги слуша нека ужива во нивната музика.

Oфицијален web site на етно групата Синтезис

Oфицијалниот web site за Скопско Kале


Овој текст е поставен на кајмак.от. За постот може да се гласа тука.

Дополнителни линкови:

„Синтезис“ ќе одржи осум концерти на заборавените археолошки локалитети
Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство
Струмин Гроб & Синтезис – дополнување
Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек?
Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia
Упатство за употреба: Како да ги слушате Синтезис во Стоби

Метаморфозите на Скопското Кале
Почнаа ископувањата на Скопското кале (или турбо фолк национализам)
Пуштена web страницата за ископувањата на Скопско Кале
Скопско кале – галерија на наоди – И предметите зборуваат зар не?
Зошто да појдеш до Музеј на град Скопје и да ја видиш поставката за Скопско Кале


Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

 

3 COMMENTs

  1. Здраво,
    Јас сум Зоран од Штип,
    Барајќи податоци за концертот на Синтезис кој треба да се одржи на Кале наидов на Вашиот блог и сум многу пријатно изненаден.
    Посебно сум воодушевен од Вашата великодушна понуда за „бесплатна тура низ локалитетот“, која можам слободно да кажам дека размислував како можам да ја обезбедам за тој ден.
    Имено, на 29 јуни на гости ми доаѓа колега од Вирџинија, Америка, заедно со својата ќерка, која студира во Холандија. Тој повеќе пати има престојувано во МК. Во живо ги има слушано Синтезис на Водици 2006 година во Охрид и од тогаш е нивни голем „фан“. Нестрпливо го очекува овој концерт. Пред конецртот планиравме едан алесна вечера, се надевам дека ќе може да ни се придружите.
    Значи би замолил за резервација на 4 места за вашата „бесплатна тура“, две места за американци и две за штипјани 🙂 .
    Ве молам пишете ми email за да може подетално да се договориме.

    Честитам за објавената книга.

    Благодарам и поздрав,
    Зоран Здравев

  2. Господине Здравев,

    Водењето на тури по археолошки локалитети (посебно за блогери) го правам од љубов и задоволство, како што честопати се случуваше и минатата година кога ги следев Синтезис на концертите низ Македонија. Сметам, дека Скопското Кале е извонредна локација на која треба да се развива туризмот во иднина. Вие и вашите пријатели сте поканети да се придружите на турата.

    Времето и збирното место ќе го објавам дополнително со нов пост, па навраќајте одвреме навреме да се информирате за деталите.

    Благодарам на честитките за книгата. Се трудам да сторам што повеќе за археологијата, секако во рамките на моите можности.

    Поздрав и се гледаме наскоро.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here