Третата меѓународна конференција е-Општество.Мк ќе се одржи во Скопје, Македонија на 29 и 30 ноември, 2007 г. Оваа година фокусот на конференцијата е креирање и обезбедување на околина за инклузивна е-власт, во Македонија и регионот. Процесот на пријавување за учество на конференцијата е отворен до 16 часот, 26 ноември 2007 година (понеделник), а агендата може да се погледне тука.