Знам дека по овој пост за ден-два ќе следи извештај (гарант направен преку мобилен) за досегашниот тек на ископувањето на Плаошник, ама да не се случи како по обичај информациите да се појават прво на блог, па во некој од нашите ,,елитни” весници.
И притоа да се слупетаат глупости како Маре од Вест која во две последователни реченици ја побива целата теорија за праисторискиот контекст на Скопското Кале велејќи дека во ист сектор се пронајдени предмети од брозненото време и од енеолитот, за една реченица подолу да назначи дека тие припаѓаат на неолитот.
Читаат новинарите, читаат !!!, ама ги мрзи да си го мрднат задникот, малку да се прошетаат на топлово сонце и да си ја заработат поштено дневницата.
Извори:
– НА ПЛАОШНИК КАПИТАЛНИ АРХЕОЛОШКИ ИСТАЖУВАЊА
– ПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА УШТЕ НА ЕДЕН ГОЛЕМ АРХЕОЛОШКИ ПРОЕКТ
– Свирче и свинче од предисторијата