Љубљана можете да ја доживеете на илјада различни начини. Преубава е. Како да се наогате во музеј по отворено небо. Во исто време може да биде и ренесансна и барокна и сецеонистичка. Но каков облик таа завземала сепак ќе остане градот на Јоже Плечник, архитект кој оставил трага на скоро секој можен позначаен антички локалитет или објект од неговото совремие.
Јас одбрав пред некој ден да ја видам археолошката Љубљана, и и благодарам на мојата колешка Мања која ме поведе на една вистинска тура по старата Емона.
Од Емона денеска может да се видат многу малку работи бидејќи на времето не се водело многу сметка за културните остатоци (тренд кој се уште е запазен кај нас). Така на пример на местото каде се протегал главниот Форум, а кој е ископуван во 50-те години од 20 век, денеска се наога центарот на градот и поголем број од факултетите. Но и она кое што е зачувано, сепак е прилично значајно од археолошки аспект.
Пирамидата на Плечник |
Пред влезот на Емона |
Останат е прилично голем дел од римското обѕидување на градот, на кој се наога и една пирамида, дело на Плечник кој мислел дека тој дел од ѕидот така треба да биде реконструиран. Ископаните артефакти се наогаат расфрлани по неколкуте музеја низ Љубљана, кој пак од друга страна, се приказна за себе.