Во контекст на мојата анкета која е поставена долу лево на блогов, го додавам пронаоѓањето на 2000 години старите остатоци од еден воин, од страна на руските археолози. Древниот воин конзервиран во пермафрост е плав, има тетоважи на своето тело и облека.
Пронајдената мумија и реконструкција на Ötzi
Како дополнување го постирам и Ötzi, ледениот човек, кој во 1991 година беше пронајден на Алпите, на самата граница помеѓу Австрија и Италија. По ,,војната” на археолозите на која земја и припаѓа, и испитувањата кои ги направија Австријците, добро зачуваната природна мумија на човекот кој живеел пред околу 3 300 години, денеска се наоѓа во Јужно-тиролскиот музеј во Болзано, Италија.