Како претплатник на Телекабел пак, се соочив заедно со останатите корисници, на парцијално банирање кое траеше (и се уште трае) од неколку дена до цели недели.
Како некој кој блогира на конкурентски сервис, се соочив со комплетно банирање на мојата ај пи адреса, при што постовите воопшто не ми се појавуваа на порталот од Блогерајот на он.нет, а ако некој по рандом ситуација доспееше на мојот блог и оставеше коментар, и тој не беше видилив.
Да не го фалам сега овој сервис…тој си е ист како и многу други блог сервиси по светов. Си има свои предности и мани. Но, едноставно…Никогаш на овој сервис не сум имала проблем да се логирам, никогаш не сум имала проблем да влезам во сопствениот блог, никогаш не сум имала проблеми да постирам, закачам флеш, клипче или што год било друго. И конечно, овој сервис на никого не му рекол ,,дека не е човек”. Зошто тука ,,сите се луѓе”.
Од друга страна, навистина ми е жал за корисниците на Блогерајот на он.нет. Но и покрај жалбите, тие не се удостоени ниту со адекватна техничка поддршка, ниту со одговор на огромниот број поплаки. Просто кажано – ниту еден корисник на Блогерај (било каде во светот), ма каков и да е како блогер, не заслужува оваков третман, и со право не треба ,,Империјата” да се сожалува. Уосталом, секоја Империја пропаѓа сама од себе. Историјата е полна со такви примери и многу пати тоа го докажала.