Сметам дека секој има право на избор да реши што ќе му се случи со неговото тело, откако душата ќе го напушти. Знам и тоа дека повеќето од вас не сакаат да размислуваат на таа тема, но сепак од денеска таму долу во левиот агол, поставив една анкета. Чисто ме интересираше мислењето на посетителите на мојот блог, на кој начин би сакале да биде истретиран нивниот физички хабитус кога нема да бидат повеќе присутни во овој 3D свет што го познаваме.. Ако некој мене би ме прашал, бидејќи пола од мојот досегашен живот го поминав во природа, некако најлогичен начин ми е кремација. Но не така едноставна. Би сакала да ме стават на сплав, да го запалат сплавот и да ме пуштат низ реката. Па како било пишано, така ќе се разнесе пепелот. Ќе ме има на секаде, а не само на интернет. 🙂
Се вели, од тројца психолози двајца се малку чудни, а од тројца археолози, сите тројца. :)))
[…] ја поставив анкетата на блогот не мислев дека ќе има толку голем одзив, бидејќи темата […]