Home Археологија Пронајдена мегарска чаша со претстава на Афродита

Пронајдена мегарска чаша со претстава на Афродита

1,543 views
0

 

Кога овој пост ќе се појави јас нема веќе да бидам во Македонија, но нејсе морав да дадам свој коментар на статијава. Имено, прочитав вест во елекртонската верзија на весникот ШпицГлава на Афродита најдена во Струмица. Си викам, по онаа ексклузивната статуа која пред некоја недела ја најдоа во Грција, можеби и ќе може да се направи некаква компарација.

Кога тоа, во текстот подолу се открива дека тоа е всушност ,,Мегарска чаша со флорални мотиви и пластично моделирана женска глава на Афродита”, кои се само еден дел од наодите кои струмичките археолози ги пронашле на локалитетот Орта џамија во Струмица.

Фино. Глави има колку сакаш. Главата може да биде изгравирана на камен. Да биде ба или обичен рељеф. Нацртана или насликана на ѕид, на керамика, на предмети за утилитарна или ,,култна” намена. Може да биде статуа…итн…значи ликовните представи на еден карактер ниту визуелно, ниту стилски, а богами ниту уметнички не се ограничени.

Во археологијата, кога ќе се каже дека е пронајдена глава, тогаш тоа значи само едно. Дека е пронајдена глава од одредена личност (вистинска или од митологијата) која и припаѓала или била дел од некоја статуа.


До кога бе ќе биде
вака карикирана нашава археогија по новиниве? А? До кога?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here