web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs
Video|Channels|Community
Посети



Posts Tagged ‘SCUPINI ROMANI’

PostHeaderIcon Направи си античка римска храна, како од antica cucina romana

На 06.11.2016 год во комплексот ,,Ореов Лад” во Скопје се одржа SCUPINI ROMANI – првиот меѓународен фестивал посветен на античката римска култура во организација на ,,ХАЕМУС” – центар за научно истражување и промоција на културата од Скопје во соработка со Археолошкиот парк ,,Виминациум” и во партнерство со EXARC. Настанот се правеше под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси, главната цел беше популаризација на културното наследство од римскиот период преку едукација, додека главната мисија на фестивалот се движеше во насоката на дисеминирање на научните истражувања преку историска реконструкција позната под терминот “reenactment”. Акцентот на оваа реконструкција беше ставен врз експерименталната археологија, древните технологии и нивната интерпретација во обид да се подигне јавната свест за одредена научна област кај љубителите на културното наследство.

scupini_romani_ancien_roman_food

SCUPINI ROMANI – Cucina Romana

Знаев/ме дека најголема атракција на фестивалот ќе биде дегустација на храна и вино припремани според рецептите на старите Римјани и послужени во керамика која е специјално правена за овој настан. При тоа, секое парче керамика и дрво во коешто беше аранжирана храната се направи рачно, како инспирација од артефактите пронајдени на археолошките локалитети од римскиот период на територијата на Република Македонија.

До нас стигнале многу записи за животот на древните Римјани, помеѓу кои и за храната и начинот на кој јаделе или ја спремале. Римјаните јаделе 3 пати на ден. Околу 8-9ч. наутро бил доручекот (iantaculum), помеѓу 12-15ч. ручале (prandium), а најважен оброк била вечерата (cena), кога гостите можеле да слушаат музика, да гледаат танчерки и да прават се што ќе им се посака оти границата на фантазијата била еднаква со моќта да се платат услугите и задоволствата. По вечерата обавезно настанувала пијанка до доцна во ноќта.

antica_cucina_romana_scupini_romani5

SCUPINI ROMANI – Cucina Romana

Книгата “De re coquinaria” или “За уметноста на готвењето” е веројатно единствениот запис за древната римска кујна кој го оставил зад себе Маркус Гајус Апициј, кој живеел во времето на императорот Тибериј во 1 век од н.е. Книгата има 10 поглавја и содржи околу 500 рецепти кој Апициј ги собрал од претходните векови и рецепти кој самиот ги смислувал оти бил готвач. Во обид да рекноструираме дел од јадењата на античката римска кујна, ги употребивме рецептите на Апициј и секако советите и искуството на колегите од Виминациум, кој е можеби најголемиот археолошки парк под отворено од римскиот период во Европа.


ancien_roman_food_libum  ancien_roman_food_pernae ancien_roman_food_intinge
Cucina Romana од десно кон лево: libum, perna, intinge

За потребите на фестивалот SCUPINI ROMANI беше направен римскиот леб ,,libum” или популарно наречен римски чизкејк бидејќи се прави исклучиво со брашно и козјо сирење, потоа ,,perna” т.е. ролат од варена шунка во тесто со смокви, повеќе типови на намази (intinge) од морков, маслинки, риба и многу други работи, додека од колачите беа послужени ,,globi” – куглици од гриз и крем сир потопени во мед и посипани со афион, сусам или лешници, ,,savilum” слатко-солени лепчиња од сирење и мед и секако највкусното нешто на трпезата ,,dulcia domastica” - карамелизирани урми претходно полнети со мешавина на лешници, бадеми, ореви и суво грозје, потоа потопени во мед и оставени да се оладат пред да бидат послужени.


ancien_roman_food_dulcia_domestica ancien_roman_food_globi ancien_roman_food_globi2
Cucina Romana од десно кон лево: dulcia domestica, globi со сусам, globi со афион

SCUPINI ROMANI е бренд на ,,ХАЕМУС” и се состои од мноштво на подвижни ескпонати (керамика, облека, накит, плетени предмети, сувенири) кои се дизајнирани по нарачка како инспирација од богатото културно наследство од римскиот период откриено на територијата на Република Македонија. Концептот на SCUPINI ROMANI е променлив во зависност од околностите и може да биде организиран како амбиентална поставка, подвижна изложба или фестивал со живи учесници. Како follow up на SCUPINI ROMANI, следниот пат можност за ваков амбиент и дегустација на римска храна и вино ќе се случи на настанот ,,Io Saturnalia” на 17.12.2016 година :)

ancien_roman_food_savillum

Cucina romana – Savillum

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива