Дома Проекти Меѓаши

Меѓаши

Своевремено, на волонтерска база, имав работилница по археологија во рамките на активностите на Првата детска амбасада ‘Меѓаши’. Секој понеделник, целиот летен семестар во 2004 година, сите млади членови на Меѓаши имаа можност да бидат дел од интерактивните предавањата кои ги спремав специјално за нив, а на крајот од семестарот полагаа тест и добија сертификат. 🙂

Многу сум благодарна за шансата која тогаш ми ја пружија Меѓаши, некаде на почетокот од мојата кариера кога бев сосема непозната за јавноста и еден од неколкуте стотини невработени археолози во Македонија. Некои тинејџери што тогаш ја посетуваа работилницата по археологија, сега се студенти на Катедрата по археологија, и многу сум горда на тоа. За мене, не постои поубав поклон од овој, особено кога зборуваш со љубов за својата професија и ја оставаш како трајно наследство преку работата на другите луѓе! 😀