Агата Кристи и археологијата » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
Сајтот е во изработка. Препорачливо е да се гледа со Mozilla Firefox

21st August 2008

Агата Кристи - download на 26 книги

 

Некој ја прочитал Агата Кристи до своја 14 год. возраст. Некој допрва ја открива, а честопати и се препрочитува едно те исто дело зошто со текот на времето дејствијата се забораваат. На некого повеќе му се допаѓаат филмуваните верзии, на некого книгите. Секој може да ја толкува како сака…

Своевремено на оваа авторка и посветив еден серијал насловен како ,,Агата Кристи и археологијата“, кој се најде публикуван во мојата книга Археолошки дневник, во издание на Аквариус од Скопје. Во него направив обид да ја опишам врската на Кристи со археологијата, земајќи го во предвид фактот што нејзиниот втор сопруг сер Max Mallowan бил археолог и втората половина од својот живот таа ја провела на Блискиот Исток по археолошки ископувања. Истовремено преку него ненападно но активно учестувала во вајање на одредени текови од археолошката светска мисла.

На препорака од Панта Реи на следните линковите можете да ги симнете во оригинал книгите:

- Secret Adversary и
- The Mysterious Affair at Styles

Во меѓувреме на блогот на Реинтелект, сите љубители и заинтересирани за романите на Агата Кристи може да даунлодуваат 26 нејзини книги преведени на српско-хрватски јазик.

Линк: Агата Кристи - download на 26 книги

Информацијата ја поставив прво на Кајмак.от. Целта ми беше да стигне до што е можно повеќе љубители на оваа писателка, но и да го популаризирам малку овој сајт на кој најдобрите вести генерално доаѓаат од блоговите. Но не затоа што му е тоа му е судбина, туку затоа што во моментов на македонскиот интернет простор ретко да има нешто квалитетно, а тоа да не доаѓа од блогосферата.

Agatha Christies`s quotes за археологијата:

Археолозите се најдобри сопрузи, бидејќи покажуваат се поголемо интересирање за жената, колку што таа е постара.

Вие би биле добар археолог, M. Poirot. Имате дарба да го оживеете минатото. Agatha Christie, Murder in Mesopotamia, (1936)

напишано во Агата Кристи и археологијата, Книги и литература | 0 Коментари

18th August 2006

Археолог аматер или на терен со Агата Кристи? (4)

 

Некој ја прочитал Агата Кристи до своја 14 год. возраст. Некој допрва ја открива, а честопати и се препрочитува едно те исто дело зошто со текот на времето дејствијата се забораваат. На некого повеќе му се допаѓаат филмуваните верзии, на некого книгите. Секој може да ја толкува како сака…

Но, факт е дека Агата Кристи била археолог-аматер, иако никогаш не отишла понатаму од тоа, како што е случајот со псеудоархеолозите за чии примери сме свесни и денеска. На ископувањата работела буквално се, само за да биде блиску до својот маж. Дури важела и за одличен фотограф. Кога за прв пат 1936г. се појавиле сликите во боја, таа уште веднаш ја имала камерата и направила ексклузивни снимки по локалитетите на Блискиот Исток. Некои парчиња керамика кои таа ги чистела и ги реставрирала, се уште се дел од збирката на Brithish Museum.

                                     Многумина се прашуваат, од каде наоѓала време да ги пишува своите книги, кога се знае колку е напорен животот на едно археолошко ископување? Посебно на оние од голем размер, на кои и самата таа присуствувала. Незванично по археолошките кулоари постои мислење дека Макс Малован славата и Британската титула и ја должи на неа. Уште еднаш се покажува правилото, дека позади секој успешен маж, стои ,,всушност” успешна жена.

А Агата Кристи е и повеќе од тоа!

Мини серијалот за Археологијата во романите на Агата Кристи можете да го прочитате и на овој начин
Археологијата во романите на Агата Кристи (1)
Археологијата во романите на Агата Кристи (2)
Археологијата во романите на Агата Кристи (3) Дополнување за оние што сакаат да дознат повеќе>/p?

За да се забавувате еве една статија на Утрински весник  која е copy/paste од мислење на Александар Палавестра (каде и јас самата најдов доста инспирација), професор на Белградскиот Универзитет. Направете ја сами споредбата. Уште еднаш се покажува дека новините немаат свои компетентни новинари за култура, туку само копираат или едноставно преведуваат статии најдени преку некој од пребарувачите. Оваа е апла симната без да се наведе никаков извор на податоци.

                                 Vajsman, Kristi, Malowen i Chitik - Nimrud 1950

Инаку - освен официјалниот сајт за Агата Кристи, ви го препорачувам Агата Кристи, еден веб сај направен на нам разбирлив јазик, кој навремено е апдејтуван и каде навистина можете да најдете огромен број на податоци сврзани за нејзиниот живот и дело, публикување на книги, филмување на делата, мислења и дебати на читатели вклучително со делови од нејзината Автобографија.

Агата Кристи и археологијата e еден ексклузивен мини семинар на Brithish Museum, кој одел во вид на предавања.

Дури и престижното списание Археологија и посвети еден свој напис насловен како - ,,На терен со Агата Кристи”. За останати дополнувања, доколку имате нешто навистина интересно, можете да го оставите во коментарите.

На крај фала на Панта Реи за линковите на кои можете да ги симнете

- Secret Adversary и
- The Mysterious Affair at Styles

крај на серијалот

серијалот го посветив на мојот внук Јаков (како поклон за роденден) и мојата братучетка Маја, веројатно еден од најверните читатели на Агата Кристи

© arheoblog 2006

, , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , .

напишано во Агата Кристи и археологијата | 0 Коментари

8th August 2006

Археологијата во романите на Агата Кристи (3)

Jerremy Bret како Шерлок Холмс 
 
Но пред Кристи и воопшто почне да размислува на тој начин, еден друг човек во книжевноста вовел лик кој практично ќе ги постави основите на она кое што Кристи ќе го продолжи. Се разбира тоа бил Шерлок Холмс на сер Артур Конан Дојл. Овие карактери по своите методи се доста слични со теоретската и методолошката иновација која се појавила во средината на 20 век, односно ќе бидат своевидни перјаници на нешто за кое се залагале поборниците на т.н. процесуална или Нова археологија. Оваа теорија денеска е надмината, но за тоа можеби во некој нареден пост.

Со својот дедуктивен начин на размислување, практично тие им се спротиставиле на тогашните традиционални методи на истражување. Во секое од делата и на Дојл и на Кристи, очевиден е триумфот на детективите, во споредба со конзервативните методи на полицијата.
Агата Кристи во Chagar Tell
Покрај се друго, треба да се има во предвид дека на Агата Кристи добро и биле познати тероетските основи на археолошката мисла, во која и самата таа на некој начин преку својот маж и преку романите, имала удел.

Вистинските археолози би рекле…ех ние имаме толку многу работа, немаме време да се замараме со некакви си хипотези”. . .
 
Но, главните ликови од нејзините романи го прават токму тоа.

                               Агата Кристи во Chagar Tell
И во едниот и во другиот случај се работи за дедуктивно-хипотетички методи пропратени со доза на познавање на човековата природа во својата срж каде на база на компарација на ликовите се прави психолошки профил за одредени категории на луѓе.
                              
Значи, типологизација (уште една голема допирна точка со археологијата) на човековиот карактер , кој потоа врз база на компарација ги дава резултатите. Нема што, и да е  хипотетико -дедуктивна,

археологија е.

                                

И барем на Агата Кристи, и успева!!!
 
продолжува
 
© arheoblog 2006

напишано во Агата Кристи и археологијата | 0 Коментари

29th July 2006

Археологијата во романите на Агата Кристи (2)

 

Најголемиот противник на оваа културна археологија бил правецот кои се појавил на почетокот од 60-те год. од 20 век, т.н. процесуална археологија (New archaeology). Позајмувајќи ја идејата за правење на хипотеза со која ќе се тестира археолошкиот научен метод, оваа теоретска мисла се базирала на идејата дека археологот треба да направи неколку хипотези за културата која ја проучува и да го води начинот на ископување така, да би можел да ги тестира своите хипотези наспроти доказите кои ги пронаоѓа.

Агата Кристи во една од сонтите на Chagar Tell

Прашањето е пак - Зошто личност како Агата Кристи на која одлично и биле познати методологиите кои се применувале во археологијата, се решила за еден сосема поинаков приод? Херкул Поаро, малиот дебеличок белгиски детектив познат по својата педантност и узречица ,,Mon ami” и госпоѓицата Марпл, една стара брблива уседелица од мало англиско место, порилично досетлива, со специфичен начин на резигнирање успеваат да ги одгонетнат сите мистерии произведени во човечката психа.

Агата Кристи          Дејвид Сачет како Поаро          Маргарет Рутерфорд како г-ѓица Марпл

Поаро удобно навален во својата фотеља ги користи ,,своите мали сиви ќелии”, а госпогицата Марпл пак методот на разговор от типот комшика-комшика (што би рекла Кристи, и оговарањето може да биде понекогаш здраво, само зависи како се гледа на тоа), очигледно и обата успешни пристапи судејќи по добиените резултати. Значи Агата Кристи била пред своето време? Или (не)случајно во своите дела вметнала една археолошка мисла во зачеток која подоцна Ќе се развие во светско археолошко движење?

Agatha Christies`s quoutes за археологијата:

Археолозите се најдобри сопрузи, бидејќи покажуваат се поголемо интересирање за жената, колку што таа е постара.

Вие би биле добар археолог, M. Poirot. Имате дарба да го оживеете минатото.  Agatha Christie, Murder in Mesopotamia, (1936)

продолжува

напишано во Агата Кристи и археологијата | 0 Коментари