web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs
Video|Channels|Community
Посети



PostHeaderIcon Абразивните алатки во вашиот дом

Можам да гарантирам дека сите дома кога ќе ја отворите фиоката во кујната каде што ви стои приборот за јадење, сигурно имате најмалку барем една абразивна алатка. Од моментот кога почнале да се користат, некаде во палеолитот, алатките од камен кои имаат абразивни својства о(п)станале во употрба со столетија, типолошки, мофролошки и функционално непроменети.

Едно мало точило/острило од мојот домашен кујнски прибор

Овој тип на кaмени артефакти се сретнуваат во доста форми кај сите праисториски заедници насекаде во светот, почнувајќи од палео-индијанските кулури кои ги населувале обата Американски континенти, преку Европа, се до Кина. Се користело за обработка или доработка на разни предмети, како што се тоа денеска нашите кујнски ножеви, но бидејќи најчесто својот облик го добивало по пат на употреба а не со однапред замислена постапка, некои научници го оспоруваат сметсувањето на овие камени алатки во категоријата артефакт.

Petrologic, morphologic and functional analysеs of ground and abrasive stone tools fromRug Bair, Ovče Pole valley

За да можам на мускули да избуткам еден запоставен топик во македонската археологија, прво ги обработив и научно ги публикував ваквиот тип на алатки од неолитскиот локалитет Руг Баир, кај  с. Горобинци, светиниколско (види погоре). Во мојата теза која ја спремам во најмала рака барем за онлајн публикација, направив класификација на овој тип артефакти. Следен потег беше да се земе една друга ваква слична праисториска колекција која ќе направи уште подобра база за проучување и компарација  на овој материјал. Се одлучив тоа да биде една мала збирка од енеолитскиот слој на локалитетот Виничко кале во Виница и презентацијата од моето истражување ќе може да се слушне на претстојниот 22 симпозиум на МАНД, а нешто подоцна и да се прочита вообличена во научен труд.

Драгана Антоновић – Абразивно оруђе у неолиту Србије

Во текстот е исто така вгнезден еден научен труд кој претставува сублимираното истражување на мојата колешка Драгана Антоновић (Археолошки институт, Сану, Белград) со која соработувам скоро цела деценија и која ми беше незваничен ментор за дел од мојата магистерска теза. Повеќе од 20 години таа се бави со топикот за камените алатки, а нејзините научни трудови на оваа тема, како и книгите кои ги има напишано, се вистински учебници за сите колеги.

Отсуството на интерес кај македонските археолози за камените алтки од предисторијата на чија база се темелат неколку праисториски доба, придонесе тие со децении да останат вон фокусот на научното  внимание. Навистина, овие артефакти се понекогаш досадни за обработка, бидејќи суровините од кои се направени како и формите, постојано се повторуваат. Не се воопшто атрактивни по својот изглед, но се многу питома научна форма кадешто врз база на камениот алат може да се реконстуира дел од древната економија на праисториските заедници било каде во светот.

Едно мало точило/острило од мојот домашен кујнски прибор

А на вас драги читатели ви останува да проверите дали во вашиот кујнски пробор имате абразивно орудие. Документирајте го и слободно пратете ми фотографија, со задоволство ќе ја објавам. Има уште многу да се пишува на оваа тема. :)

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива