Home Антропологија Бесплатен разглед низ Старата скопска чаршија

Бесплатен разглед низ Старата скопска чаршија

3,366 views
0

Драги читатели, пријатели, роднини и љубители на културното наследство. Во сабота на 25.12.2010 ве канам на една бесплатна прошетка низ Старата скопска чаршија со посета на културно-историските споменици кои се дел од неа и за кои не се потребени влезници. Овој настан е мој новогодишен поклон до сите граѓани на Република Македонија кои ќе одвојат време за дружење и запознавање на нашето богатство, а поддржан е од Youth Entrepreneurial Service (YES) Foundation. Причина за оваа бесплатна тура е промоцијата на веб страница за Старата скопска чаршија (www.staracarsija.mk) како дел од проектот за нејзината ревитализација.

Организатор и домаќин: Youth Entrepreneurial Service Foundation
Водич: Димитровска Василка
Тип: Еднодневна тура низ Скопје
Датум: Сабота, Декември 25, 2010
Време: 11:30 – 13:00 pm
Локација: Влезот на Стара чаршија пред Даут Пашин Амам
Град: Скопје, Македонија
п.с. понесете си чадор! 🙂

Итинерар: Даут Пашин Амам, Црквата Св. Спас, Скопско Кале, Мустафа Пашина џамија, Куршумли Ан, Скопското кулие, Безистен, Сули ан, Чифте Амам, Капан Ан, Менада.

Пред Чифте Амам со група македонски туристи
фотографијата е сопственост на ©Томе Маневски

Бидејќи се работи за веб сајт, настанот се промовира преку социјалните мрежи, во неговата автохтона средина на интернет. Верувам дека и покрај ладното време и овој пат ќе има доста посетители, бидејќи позитивната реакцијата за запознавање на сопственото културно наследство публиката ја покажа кога ги одржав Бесплатниот целодневен разглед на Скопје и Бесплатната тура низ Отоманското наследство на Скопје. Поканети се сите заинтересираните на една прошетка низ Старата скопска чаршија. Се посетуваат наведените локации, а турата ќе почне од Даут Пашиниот Амам кој е првиот културно-историски споменик на почетокот од чаршијата откога ќе го поминете Камениот мост и црквата Св. Димитриј. На крајот од турата во 13ч ќе следи чајче за присутните и официјална промоција на веб порталот www.staracarsija.mk во ГЕМ клубот, како дел од проектот за Ревитализација на старата скопска чаршија.

Настанот со своја страница на фејсбук

Настанот е исто така поддржан од  Порталот Панорама Скопје, на кои им благодарам за поставување на инфото на своите страници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here