Home Антропологија Акцијата Фаланга (n-ти дел) – Го осудувам најостро овој чин

Акцијата Фаланга (n-ти дел) – Го осудувам најостро овој чин

1,265 views
0

Акцијата Фаланга за која преку медиумите се обзнани ова лето господово, продолжува да се одвива сите овие месеци, иако веќе не толку помпезно и сензационалистички како што беше кога започна. Последната информација пристигна од Хрватска каде е екстрадиран учесник во оваа афера на кој ќе му се суди во нашата држава, бидејќи е македонски државјанин.

Би рекла дека најостро го осудувам овој чин, при кој се уништува културното богатство на една земја. Но за да не звучам патетично со изјавава, наместо тоа јас имам еден друг предлог. Би ги сликала анфас/профил со име и презиме сите обвинети и осудени и нивните информации би ги дала на царинските премини, затоа што нема што тука повеќе да се крие, ниту пак да се прикриваат сторителите и нивниот идентитет. Неколку пати годишно би напрвила обрт на овие податоци во сите јавни гласила. Да им биде срам прагот домашен да го преминат, а не културно наследство да оштетуваат и препродаваат.

Вие не можете ни да замислите како им се стега душата на моите колеги археолози кои пола свој животен век и зиме и лете своите коски си ги оставиле по археолошките локалитети низ Македонија. Никој не ги прашува како им е, важно од нив се бараат резултати кои и онака не можат да ги публикуваат бидејќи не се вложуваат доволно финансии во таа сфера. И ќе дојде некој со грешка во кодот и ќе го уништи нивниот повеќегодишен труд. Да не зборувам колава е научната штета од сето тоа, а за материјална не станува ни збор. Секој артефакт е бесценет.

Нема милост за вакви луѓе! Нема милост, бидејќи се криминалци од најтежок вид, кои директно и наштетуваат на државата, на нашата култура и идентитет граден и негуван со столетија и вгнезен во сите нас како DNK наследство од цивилизациите кои било кога ја населувале територијата на Република Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here