Home Археологија Praistorija Jugoslovenskih Zemalja – PJZ

Praistorija Jugoslovenskih Zemalja – PJZ

8,595 views
2

Во рамките на некогашната југословенска археологија се напишале и се публикувале многу капитални дела кои и денеска се некој вид на основа за многу проучувања, цитирања, а честопати се и единствениот извор за информации во врска со одредени наоди или локалитети. Праисторија Југословенских Земаља (популарно именувана како ПЈЗ) е петтомна енциклопедија која ги опфаќа праисториските периоди во шесте републики кои биле дел од поранешна Југославија. Книгите од оваа енциклопедија се публикувани во периодот од 1979 до 1987 од страна на Босанската Академија на Науките и Уметностите (Centar za Balkanološka ispitivanja) во одреден тираж за кој не сум сигурна дека имал препечатување, но сигурна сум дека со години едвај можеле да се најдат по библиотеките. А оние кои ги имале по дома, не ги давале никому!

Praistorija jugoslovenskih zemalja – I – Paleolit i mezolit

Превземи ја книгата

Формат: пдф/рар/ 26.8 МБ


Praistorija jugoslovenskih zemalja – II – Neolit

Превземи ја книгата

Формат: пдф/рар/ 47.9 МБ

Некои белешки од овие книги се застарени, а генерално повеќето од информациите за одредени локалитети се веќе надминати и апдејтувани со нови ископувања и публикувања. Но има и такви моменти како праисторијата на целата македонската археологија, чија периодизација генерално е се уште заглавена помеѓу том II и том IV од оваа енциклопедија и доста тешко оди нејзиното ревидирање. Иако оттогаш поминале цели триесет години и плејада на македонски археолози кои се сметале/аат себе си за ‘големи’ праисторичари. Некогаш не имало во балканската археологија затоа што великани на оваа наука на свој грб понеле дел од тежината на која се уште седимe. Но каде е во моментов македонската археологија он и офлајн? Секако дека ја нема никаде од едноставна причина, научното цунами одамна не помина и не одмина. Самите сме виновни што повеќето македонски археолози (чест на исклучоци) сакаат да ископуваат, ама не и да пишуваат и публикуваат научни трудови, особено на англиски јазик.

Praistorija jugoslovenskih zemalja – III – Eneolit

Превземи ја книгата

Формат: пдф/рар/ 31 МБ

Praistorija jugoslovenskih zemalja – IV – Bronzano doba

Превземи ја книгата

Формат: пдф/рар/ 57.24 МБ

Верувам дека на повеќето колеги кои се занимаваат со предисторија овие книги ќе им послужат во научни цели. На крај краева, симнете ги и онака се бесплатни. Нека ви седат барем во вашата домашна виртуелна библиотека, бидејќи ретко кој своевремено кога вистински му требале, ги имал во својата реална библиотека. 🙂

Praistorija jugoslovenskih zemalja – V – Gvozdeno doba

Превземи ја книгата

Формат: пдф/рар/ 54.9 МБ

Патем, многу благодарност до Архантис, мојот колега од Србија кој го сподели овој проект до сите нас во дигитална форма на интернет.

2 COMMENTS

    • Да ти кажам искрено Ванчо, толку многу сработиле археолозите пред распаѓањето на Југославија, што и по осамосталување на македонската археологија по 1991 г., уште сме им должници, во научен смисол на зборот. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here