Home Антропологија Археогенетика

Археогенетика

1,012 views
0

Уште во август 2007 година на Македонската Википедија подигнав кратка статија за Археогенетика со цел понатаму написот да биде надополнет од страна на останатите партиципанти кои пишуваат на оваа слободна енциклопедија. Во последните две години навистина мошне храбро се потрудивме да вадиме и пресметуваме антички квадратни корени со едноставни нумерички алгоритми. Па бидејќи имаме генетичари на метар квадратен и два милиони историчари, сметате ли дека треба статијава на Википедија да се апдејтува со најновите сознанија?

Генетското потекло на некој народ е дел од неговата историја и настанува како последица од преселби и мешања што резултира со пораст на бројноста на популацијата која во своите гени носи најразлични кодови. Откривањето на генетската структура на еден современ новокомпониран народ треба јасно да се разликуваат од создавање на политички нации/народи каде етногенезата би требало да послужи како доказен материјал за непроменливата чистота на гените и некршливиот историски пат на еден народ низ милениумите.

Еволуција на гените која се случила низ вековите е свесна команда која ја наметнала внатрешната еволуција на човекот. Човечкото тело е микрокосмос, совршен инструмен. Артефакт. Човечкото тело е културно наследство, а нашата ДНК содржи и филозофска порака дека истото не смее да се запоставува и злоставува во било какви цели. Оти се има свој почеток, но и свој крај.

Препораки за читање од блогосферата:

ВладотраSYLLABUS по предметот Хумана генетика 1
Етно-блогЕтно гени
РазвигорЧовекот што сакаше да биде крал, втор дел (по трагедија, фарса)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here