Home Археологија Зошто МПЦ ги извртува фактите за црквата “Св. Елена и Константин”

Зошто МПЦ ги извртува фактите за црквата “Св. Елена и Константин”

1,411 views
1

 

Не сакам нова црква на плоштад. Јавно се изјаснив и тоа го елаборирав во еден прилично долг пост, каде објаснив кои се причините за мојот став. Исто така повеќе блогери напишаа свое видување на оваа тема (1, 2, 3, 4). Но, ако веќе некој запнал да гради храм во сред центарот на градското јадро веројатно ќе се соочи со неколку факти, а тоа се:

– уништување на локацијата каде некогаш постоела куќата на Мајка Тереза, денеска означена со маркери
– обавезно археолошко ископување кое по закон мора да претходи на било кое архитектонско здание доколу се најде макар и половичен артефакт
– црква која е веќе изградена како компензација за црквите „Св. Елена и Константин“ и „Св. Мина“

За локацијата на новата црква ќе му се обратам на г. г. Стефан зашто е тој релативно млад човек, а и човек од провинција, па не знае ни колкава била па ни каде била црквата „Св. Елена и Константин“. На плоштадот Македонија во денешни граници никогаш немало црква. Црквата беше вовлечена во една уличка зад кафеаната „Маргир“ или поточно речено на денешната управна зграда на стопанска банка во ГТЦ. Беше подигната на 10-12 скали со многу мал двор и немаше повеќе од 300 м2 во основа. Точно знам дека веднаш до црквата живееше мојот чичко Стојче Гашев, кого го посетувавме фамилијарно со моите родители. Од друга страна, и најважно сум присуствувал на некои состаноци на Градски комитет на СКМ на кој е решено да се компензира имотот на православната и католичката црква што се срушени во земјотресот, па така се дадени две нови локации за тие објекти. За католичката црква е дадена локација на ул. 29 Ноември и ул. Петар Поп Арсов, а за црквата „Св. Елена и Константин“ и црквата „Св. Мина“ да се изгради црква на ул. Партизанска и булевар ЈНА. Ако сакате да проверите дали е ова така има уште живи урбанисти па ќе ви кажат. Црквата „Св. Климент“ е заедничко име за урнатите цркви, а бидејќи вие младите одите по линија на најмал отпор ви текнало нова маркичка и да ги искористите ВМРО бидејќи нема кој да ви се спротивстави. Арно ама бидејќи не сте ја консултирале скопската интелигенција бидејќи уште не има живи и со здрав разум, дозволувате да се излезе на плоштад со црковни знамиња како крстоносците во 12 век што претставува Ваш личен пораз и тоа на ден на велики пости. Жалосно, г.г. Стефан. Новата локација е поставена во крај каде што немало никогаш црква, а е десетпати поголема од двете урнати цркви и со тоа е завршена приказната.

Линк до написот

Се прашувам зошто оваа изјава на еден градежен инжињер не соодејствува со информациите кои МПЦ ги пласира на нивниот сајт. Дури сум и загрижена за оваквото извртување на вистината и се надевам дека ќе се најде некој кој трагајќи по сторијата за Црквата “Св. Елена и Константин” ќе протарашка по градските архиви, оти ова е навистина сериозно обвинување. Но и единствена изјава за “ролованата прикаска” на една црква чии темели се уште се наоѓаат во подрумот од Скопскиот ГТЦ.

1 COMMENT

  1. Работите премногу се искомплицираа и сега треба да се читаат како палимпсест. Не е ова се што се случува само поради црква на плоштад, мислам дека корените се подлабоки. Мислам дека Македонскиот народ реагира на се што му се случи сиве овие години на репресија. Пред транзицијата управуван од „горе“, со точни прописи до каде е дозволено да се биде Македонец а кога да се ќути, па потоа транзициски ограбен и на еквидистанца. Најпосле, властите конечно започнаа да ги артикулираат чувствата на народот за да го крене својот глас, да каже дека постои. Ова се случува паралелно со невидена кампања на негација на основни човекови права од комжиските држави.

    Дотука се има некоја логика, и треба да се продолжи со кажување на Македонската страна од приказната. Уште кога ќе се земе во предвид какви се не ломови се случија, а и Македонија уставно се редефинира како речиси бинационална држава што е апсолутно недозволиво, Македонскиот револт е разбирлив. Но, прашањето е дали сегашната власт има државнички намери или оди накај чист популизам? Јас мислам дека е државничка, но се повеќе заминува накај популистички и неубави решенија. Тоа што е десничарска не може и не смее да ја оправда да оди во толку близок пакт со црквата. Користењето на верските чувства и поигруваљњето со нив е многу опасно, посебно во Македонија. Кршење на устав со низа лошо припремени закони. Иницијатива за споменици, која е одлична и потребна, но потоа реализација која е кичеста и сосема неумерена. Оваа стихијност дома, а недоволно залагање надвор да се добие битката за Македонија зборува или за незнаење, некоординација, или дека некои центри на моќ намерно се трудат да го поделат македонското општество за само ним познати цели.

    А тоа дека црквата извртува факти, не изненадува, затоа што црквите имаат за цел да ја максимизираат својата паства, тие мора да спасат што поголем број души. По можност сите. точно затоа црквите треба да се одделени од државата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here