Home Археологија Семантичка архитектура

Семантичка архитектура

1,692 views
3

 

Не постои град во Македонија во кој не е изградена специфична автентична архитектура. Од она кое можев да го откријам читајќи за повеќето од објектите, понекогаш не им се знае ниту точното датирање, бидејќи се честопати поправани и преправани, дислоцирани или инкорпорирани во некое друго здание. Сепак секоја архитектура му дава карактеристичен белег на градот во кој се наоѓа и независно дали се уште постои или не, останува да живее под наслагите на приказните кое времето ги рони и ситни како и нивните фасади.

 

Железното сидро покрај кејот на Вардар

Урбаната семантичка архитектура треба само навидум да ни создаде специфично препознатлива слика за едно место. Но не смееме притоа да заборавиме дека нашата земја е спој од цркви, џамии, саат кули, тврдини, анови, амами, мостови, кули, чешми и др. кои претставуваат симболи на една сакрална и профана архитектура со типична слика за македонските градови. Профаното и сакралното културно наследство постои насекаде во светот. Но во Македонија, каде што се уште живеат припадници на голем број етноси и религии, овие објекти опстојувале и опстојуваат едни покрај други со векови како редок, ако не и единствен пример на коегзистенција во Европа и светот.

Така во Скопје има едно Тасино чешмиче кај Државна болница, едно сидро покрај Вардар од левата страна на влезот кон Чаршијата, еден портал на Учителска школа кај Матичното и едни столбови во Градскиот парк кај Фонтаната кои личат на антички, но се средновековни и згора потекнуваат од џамија. Катадневно сите ние поминуваме покрај десетици и стотици архитектонски објекти незнаејќи за нивното потекло, а користејќи ги како репери и ориентири.

 

Средновековни столбови налик на “антички” во Градскиот парк

Секој град има свои белези и оние зданија кои биле дел од нечие минато, се наша сегашност. Исто како што објектите од нашата сегашност ќе бидат нечие туѓо минато. Ако не заради друго, треба да ги познаваме поради нашата традиција. Зошто во нив додека минуваме, по мал дел од нас вткајуваме. Во нашите прекрасни семантички ,,урбани” артефакти.

3 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here