Home Археологија Кажав и направив нешто добро за Македонија

Кажав и направив нешто добро за Македонија

2,705 views
1

 

На повеќето од вас кој ја пратат блогосферата, познат им е фактот дека на 28 март 2008 година во просториите на библиотеката ,,Браќа Миладиновци” се одржа промоцијата на едицијата ,,Блог-записи” во режија на издавачката куќа ,,Аквариус од Скопје.

Веднаш откако заврши промоцијата, дел од блогерите беа букирани да дадат изјави за одредени медиуми од кои морам да кажам дека голем впечаток ми остави Александра Соколовска од SKY NET Телевизија (сега ребрендирана во НАША ТВ), новинарка и дел од екипата која ја прави емисијата ,,Кажи и направи нешто добро за Македонија“. Таа со своите ислучителни прашања покажа доза на спремност во однос на познавањето на блогосверата, што сведочи за тоа дека пред да ги избере своите соговорници, одлично ги простудирала нивните блогови, постови и тематиката која тие ја третираат.

Поголемиот дел од блогерите добро се снајдоа пред камерите, ако се земе во обзир дека тие се експонирани, но во едно сосема поинакво ,,културно поле” кое не вклучува визуелна експресија.

А јас? Стварно што пак тоа јас ,,Кажав и направив толку добро за Македонија“, што не го направиле дузина други блогери? Само се борам за она што вистински го сакам – а тоа е археологијата.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here