Дома Археологија Покана за јавна дискусија – Машина за преименување

Покана за јавна дискусија – Машина за преименување

2,817 views
2

 

Место: Културен Центар Точка
Време: 20.30 – 21.45
Тема: Cyber Renaming/Virtual Identities
Објавени мислења за дебата: Фемгерила, Оксиморон, Cyril

За само еден и пол век, направен е огромен скок во науката. На почетокот археолозите се изедначувале со мечтатели, томб рајдери и авантуристи. Денеска тоа се генетичари, молекуларни биолози и интернет форензичари. Затоа се поставува прашањето колку културното богатство на една земја е сигурно? Но не од безбедносен, туку од научен аспект, посебно со развитокот на дигиталниот свет која стана виртуелен пандан на нашата реалноста.

Овој свет е таков каков што е затоа што претставува пачворк од културни ентитети кои не можат да се пренебрегнат, но можат да се инкорпорираат и да му помогнат на секого да се спознае себе си и да се реализира прво во сопствените рамки, а потоа и пошироко. Тоа е единствениот начин да ,,пораснеме”, па дури и на некој начин ги надраснеме лимитите кои не омеѓуваат. Ова богатство, лично и општествено, му припаѓа секому и понекогаш со него се засегнати региони и луѓе на кои тоа дури и не се однесува директно.

Одредената јукстапозиција која ја имаме во сајбер просторот како нов медиум за комуникација, предложува интересен модел на експериментален топик кој ја иницира играта со идентитетот и преименувањето.

Сајбер просторот е создаден за менување и реименување на идентитети. Од било каков вид. Јас на вас не треба да ви се допаѓам, но можам да ви ја напишам вашата историја. Што ќе биде вистина, а што реалност? Во наплив на милиони фалсификувани истории што ќе ви биде помило ,,автентичноста” или вистината? Како нужна колетерална последица на сето ова, прашање е ,,Дали мојата моментална, е и ваша моментална историја?“ Живееме во време кога секој прави или пишува сопствена историја, па воопшто не би се сложила со изреката на Цицерон ,,Historia magistra vitae est“. Што научи светот од оваа пословица во втората половина на 20 век. Научи да го реконструира своето минато со националистички испади во име на идентитетот. Ја научи историјата како многупати до сега да и упати бакнеж на својата љубовница политиката. Со една доза на деструкција честопати применета во недостаток на попацифистички идеи. Капак на се e информациското доба каде не можат да се контролираат информациите бидејќи нивниот проток е огромен. И тоа во период кога сите луѓе имаат пристап до информацијата, а во исто време и ја ,,произведуваат”. Со толку многу паралелни алтернативни извори на информации we are in a lot of trouble to which source to believe in.

Од друга страна, секој запис е сведоштво за една персона, за еден народ, за еден јазик, за неговото постоење. Затоа да се промени името на некој човек  во историјата се смета дека претставува почетен чекор кон бришење на национален, културен или личен идентитет. Во случаите со некоја народ и како стратегија за освојување или зачувување на одредени територии. Но во минатото на луѓето им било недостапно знаењето за глаголењето и придобивките од неговото запишување. Па во присуство на записи кои селективно третираат историјат, мислења или податоци само за видни личности, денеска да се соочуваме со дупки во колективната меморија на човештвото.

Блоговите се најдобрите етнографски белешки, подобри и од најдобрата дигитализација на културното наследство на еден народ. Затоа и се толку важни. Моментална историја, живот, верувања и традиција на една персона, на еден народ, на една група истомисленици, на една религија, на еден етнос можат да бидат доловени и само со еден единствен блог-запис.

Renaming semantic cloud

На изминатат Glocal 2.0 конференција одржана во Скопје, ги прашав присутните пред мојата презентација: Како знаете дека мојот блог е валиден? Дека ја говори вистината? Дека не ја извитоперува и не создавам некоја своја селективна археологија? Така се наметна прашањето: Колку може еден ник нејм или псевдоним да биде авторитет во однос на науката? И колку би имал кредибилитет наспроти вистинското име на авторот?

Релацијата помеѓу името и идентитетот во сајбер просторот се чини дека е само поотворена и поослободена од секојдневниот социјален, политички или културен простор во кој реално битисуваме. На интернет секој може да биде тоа што замислува. Обликуван според посакуваните репери, субјективни или општествени! Но, јас не сум археолог на интернет кој создава сопствена историја. Јас ги толкувам древнините во духот на субјективноста. Да се открие притоа дека минатото не одговара на нашите норми, дека е одвратно или едноставно сосема различно, може да биде добра лекција. Тука спаѓа и делот од мојата/нашата одговорност како археолози да ги избегнеме искушенијата за да создадеме комфорно минато. Ние не треба на никого да му се допаѓаме. Ниту во реалниот, ниту во сајбер просторот. Ние треба да бидеме она што сме, археолози.

Ако глобализацијата ја носи со себе и машинеријата за реименување на било каков идентитет, реален или виртуелен, сепак не смееме да дозволиме од него да се направи светска безлична тестеста маса, за да може свесно да се контролира нашето несвесно. Не смееме да дозволиме да се реименуваме низ нeкаква машина, ниту машинерија. Така би загубиле дел од својот идентитет. Дел од своето вистинско ,,јас”.


А што се однесува конкретно до темата на оваа дискусија, неа би ја започнала со следното: За спорот со Грците во последните две децении можам да додадам само едно: Навистина некои работи треба да се коментираат јавно. Па дури и старите изумрени народи, имале свој идентитет и свое име.

2 КОМЕНТАРИ

  1. […] Да се вратиме за момент пак на убиствата. Виртуелното убиство е уште по перфидно од она физичкото, иако и тука постои т.н. компјутерска форензика. За Интернетот важи правилото дека што и да направите во дигиталниот свет, оставате уште повидлива трага отколку во реалниот. Jас на вас не мора да ви се допаѓам, но можам да ви го променам, па дури и убијам вашиот виртуелен идентитет. Сопствениот идентитет го креирате самите вие. Можете да создадете колку сакате идентитети на Интернет според својатата желба и соништа. И потоа да се обидете да ги убиете. Но знаете ли кој може всушност може да го убие виртуелниот идентитет? Не оној кој го поседува никот, туку оној кој го поседува пасвордот. […]

  2. […] Да се вратиме за момент пак на убиствата. Виртуелното убиство е уште по перфидно од она физичкото, иако и тука постои т.н. компјутерска форензика. За Интернетот важи правилото дека што и да направите во дигиталниот свет, оставате уште повидлива трага отколку во реалниот. Jас на вас не мора да ви се допаѓам, но можам да ви го променам, па дури и убијам вашиот виртуелен идентитет. Сопствениот идентитет го креирате самите вие. Можете да создадете колку сакате идентитети на Интернет според својатата желба и соништа. И потоа да се обидете да ги убиете. Но знаете ли кој може всушност може да го убие виртуелниот идентитет? Не оној кој го поседува никот, туку оној кој го поседува пасвордот. […]

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име