Дома Археологија Final frontier – Ѕидот на Хадријан

Final frontier – Ѕидот на Хадријан

3,333 views
0

Моментално во Brithish Museum е поставена изложба за имераторот Хадријан. Оваа поставка го подигна културниот напон на Британците до ниво достојно за да биде испочитуван еден римски имепратор, кој сам посебе бил прилично контроверзен. Императорот, кој се оженил со жена само за да стане владетел, а цел живот сакал помлад маж. Кога неговиот љубовник се удавил несреќно во Нил, тој заповедал да се почитува насекаде издигнувајќи го на ниво на бог. Неговата оставштина е огромна до онаму до каде се простирала древната Римската Империја. Страста за архитектурата му овозможила да создаде некои од најславните градби во стариот свет (Вилата d’Este, Пантеонот, Вилата крај Тиволи и др.). Но тоа не ги спречило неговите сексуални перверзии и двијаштвото поткрепено со одмаздољубивост на некогашниот имератор означен како мирољубив и со право детерминиран како човек кој бил многу пред своето време.

Во Велика Британија постојат огромен број на археолошки локалитети кои датираат од времето на Хадријан. Еден од нив е и монументалниот Хадријанов ѕид, локациија ставена под заштита на UNESCO.

Не верувам дека Хадријан го изградил ѕидот на северниот дел од Велика Британија зошто му било намера со време да ги подели Англичаните и Шкотите. 🙂 Иако морам да признаам дека мошне умешно го сторил тоа. Сепак главната цел на овој ѕид кој се протега во должина од 120 км била да се одбрани најсеверниот римски лимес кој константно бил загрозуван од нападите на локалните племиња. Кои рака на срце, сепак биле претци на денешните жители на Британија.

[youtube]IJisnDuyJIY[/youtube]

Во прилог го вгнездувам видеото за Ѕидот на Хардијан кој е дел од огромното ДВД насловено како Frontiers of the Roman Empire. Сите видеа на ова ДВД се courtesy of English Heritage од кои ги добив и им благодарам на моите колеги од Британија за срдечноста. Соодветно видео со текст од нарацијата може да се погледне на сајтот на UNESCO.  Исто така неколку видеа (кои можат да се превземат) се поместени на интернет страниците од Brithish Museum, со напомена дека тие своите статии за спорадичните изложби ги повлекуваат истовремено кога тие се повлекуваат и од јавноста.

Дополнителни линкови:

Официјален веб сајт

World Heritage Site – UNESCO

Мапа на ѕидот

Биографија на Хадријан со библиографија


п.с. се смета дека од времето на Хадријан во Македонија е изграден античкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи. Иако бил најголем од сите други театри, сепак од него е останато многу малку и скоро е неможно да се реконструира. Ова здание според археолозите е датирано во 2 век од н.е., најмногу според стилот на остатоците од мермерните украси.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име