Дома Администрација Телeкабел ги лаже граѓаните

Телeкабел ги лаже граѓаните

2,111 views
1

Покрај тоа што сум лишена да гледам A1 телевизија преку кабловскиот оператор Телекабел, исто така веќе со месеци имам проблем со програмите од оваа кабловската телевизија кои се со многу лош квалитет. Во последните три месеца згора на тоа секој ден немам од еден до неколку часа Интернет чиј провајдинг го вршат горенаведените. Интернет конекцијата ми е дупло послаба од поламегабитна врска, а кога ќе се јавам оправдувањата навистина не се за во јавност. Да не заборавиме и тоа дека сум редовен претплатник и си ги подмирувам сметките за Интернет, а од друга страна Телакабел се должни да излезат на терен кога нивните корисници ќе се пожалат дека имаат одреден проблем. Нестабилноста на нивната услуга со која се соочувам јас и станарите на зградата во која живеам во Аеродром се повторува континуирано со месеци. Телекабел досега не превземале мерки за негово решавање (пред се поради нивниот неодговорен однос кон корисниците) иако повеќе пати им е укажано за проблемите и писмено и усмено, за што имам доказ. На Телекабел попладнево им кажав дека ќе се обратам во А1 телевизија да се произнесам јавно за проблемите кои ги имам, при што инстантно ми беше прекината интернет конекцијата со саати, и така за прв пат во животот верувале или не – пишувам блог-пост од Интернет кафе.

Со оглед на тоа што на мојот блог сум излезена со име и презиме, ова може да се свати како јавна изјава и како таква слободно може да биде употребена од медиумите.

Со почит кон Телекбел, ама ми дојдоа преку ашимов.

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име