Home Археологија Делчево ќе добие музеј

Делчево ќе добие музеј

941 views
0

Наодите од делчевската могила, која својот територијален идентитет си го изгуби со помош на медиумите во Македонија, сепак ќе можат да се видат на едно место – во локалниот музеј кој ќе го носи името на ,,котлината” Пијанец со предлог тој моментално да биде сместен во просториите на спомен-домот АСНОМ. Одлуката за музеј е донесена од Советот на општината Делчево, и покрај планираните ексклузивни наоди од локалитетот Пијанец кои датираат помеѓу 7 и трети век п.н.е, поставката се планира да биде надополнета со неодамна откриените фосили на животни кои беа пронајдени во истражувањата кај селата Ѕвегор и Стамер. Како што може да се прочита во написот на Вест, кога ќе се скрати по некоја нула (бидејќи сме ние општество кое одлично го работи тоа) резултатите на овие фосили можат да бидат зачудувачки. Овие мастодонти живееле во исто време со холоценскиот човек. :))))

Кога појдов во Делчево на последниот симпозиум на Македонското археолошко научно друштво градот изгледаше навистина пусто и тажно. Како заборавен и оставен да тоне во времето. Му фалеше нешто кое ќе го освежи и направи барем малку попривлечен за ,,странците”. Под терминот странци тука мислам на луѓето кои не се родум од градот. Инаку оваа идеја со музејот е добра, но да видиме што ќе каже времето, бидејќи истото тоа време до сега покажа дека државата не е способна да се грижи за веќе постоечките, а не пак за нови музеи. But… let`s see…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here