Home Археологија САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3

САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3

1,748 views
2

 

Моето мислење на релација Македонски медиуми->археологија сум го кажала повеќе пати, а од сега во иднина ќе настојувам да го верификувам и на некои од европските или светските симпозиуми за археологија.

Набуткани со рандом податоци и бројки, без малку трунка на суштественост и посебно со апатичен став на новинарот кој го задолжиле да пишува за археолгијата, овие написи се толку многу  стерилни, што ретко се случува да прочитам новинарски напис за археологијата, а да не се изнервирам поштено. Уште поретко е од прва да го прочитам целиот текст. Секоја чест на исклучоците како Васко Марковски (кого го знам и лично) кој на оваквите текстови им даваат една доза на топлина правејќи ги истовремено животите, верувањата и страдањата на луѓето од старите цивилизации поблиски до нас.

Затоа ви го препорачувам неговиот последен напис во Форум насловен како Саркофазите од Карпош 3. Доволно за ваша информација колку да знаете дека кога поминувате покрај Музејот на град Скопје како покрај “турски гробишта”, тоа се навистина дел од гробишта, ама не турски туку римски. И не потекнуваат како по обичај од некрополата на Скупи, туку од околината на денешниот трговски центар Лептокарија.

И една мала поука за старите Скопјани дека ,,Скопје до 1963-та не завршувало до Рузвелтова, а отаде имало само ниви.” Верувајте дека саркофазите од Карпош 3 не пораснале на нива. :)))

2 COMMENTS

  1. […] сопственото културно наследство (случајот со Бразда) САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3 Промашени туристички проекти – Скопје – град на […]

Leave a Reply to The-city-I-love-the-city-I-live » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here