Home Археологија Светот избра – Прогласени новите седум светски чуда

Светот избра – Прогласени новите седум светски чуда

1,255 views
0

Кинескиот ѕид (Great wall),  Петра (Petra) во Јордан, Бразилската статуа на Христос Спасител, Мачу Пикчу (Мachu Picchu) во Перу, Пирамидата Chichen Itza во Мексико, Колосеумот (Colloseum) во Рим и Таџ Махал (Taj Mahal) во Индија, се:

Стариот свет имал свои ,,Седум светски чуда“. Новиот свет, ги доби своите седум чуда на 07.07.2007 година во Лисабон, Португалија на церемонијата која се одржа на стадионот на Бенфика (Benfica). Во анкетата гласаа преку 100 милони луѓе меѓу кои бев и јас. Својот глас го дадов за четири од избраните седум споменици, но како што веќе имам повеќе пати споменато, ова е прилично тежок и пред се неблагодарен начин луѓето да го рангираат светското културно наследство. Toa му припаѓа на целиот свет и од него учиме сите…

Нејсе, оваа кампања ме натера да се замислам за нешто друго. Дали оние архитектонски објекти кои ги гледаме се вистински, или се автентични? Да појаснам. Повеќето од културните локалитети кои ни се познати во светски рамки не се тоа што изгледаат дека се. Некои од нив со текот на столетијата поради најразлични причини претрпеле промени кои се видливи. Ќе набројам само неколку примери.

1. Фасадата на Руенската катедрала толку многу сликана од Клод Моне (Claude Monet), има претрпено огромната реставрација при која се заменети скоро сите оригинални склуптури кои биле поставени на неа.

2. Партенон во Атина изграден во 5 век п.н.е. со текот на времето бил црква, па џамија со минаре, пред да биде разнесен во 1687 година во моментот кога служел како магацин за муниција. Она што го гледаме денеска е реконструирано неколку пати.

3 Пирамидата на сонцето (Teotihuacán) во Мексико била неколу пати доградувана пред конечно да се сруши. Она што денеска го познаваме е веројатно нејзина зголемена и не баш коректна верзија од 1910 година.

Значи долга е листата на спомениците кои само ни се чинат дека се автентични. Што е разликата помеѓу автентично и вистинско? Поимот автентичен не упатува на тоа дека она кое го гледаме е оригиналниот локалитет/објект. Еден споменик кој е руиниран и чии оригинални материјали се зачувани само делумно, не е целосен, но секако дека е автентичен. И тоа само во случај доколку не бил претходно реконструиран и/или адаприран. Реконструкција е постапка кога еден објект/локалитет се враќа во неговиот поранешен познат облик, а адаптација (кај нас позната како ревитализација) ги поздразбира промените на објектот/локалитетот кога му се враќа оригиналната, т.е му се доделува нова намена.

Во секој случај следниот пат кога ќе појдете на некое патување, гледајте добро. Она кое што ќе го видите може да биде автентично. А може да биде и вистинско. 🙂

Корисни линкови:
ICOMOS Declaration of San Antonio on Authenticity
It looks authentic but is it real?
New 7 Wonders of the World campaign is a media hoax

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here