Home Археологија Мандерините поскапеа, а ти се уште си ми скарана

Мандерините поскапеа, а ти се уште си ми скарана

1,322 views
0
Претпоставувам дека повеќето од вас ќе се зачудат на насловот на овој пост, со оглед на тоа што се навикнати да третирам крајно сериозни, и напати мејнстрим теми во археологијата и културното наследство.

Но и овој наслов е исто така сериозен, иако претставува навидум обичен графит испишан на една зграда која се наоѓа во строгиот центар на Скопје. Дали мислите дека овој графит нема никаква употребна вредност? Од друга страна исто така ,,Дали мислите дека ако седнете некаде на тоалетна шоља и напишете графит, тоа не е важно”? Е па ќе ве разочарам. За ,,среќа” секако дека е важно бидејќи иако во моментот не мислите дека е така, вие сепак оставате важна информација зад себе”

Графит на Кеј   Графит пред МКЦ   Графит пред МКЦ

Некои од графитите на Кејот на Вардар и МКЦ

Отсекогаш сум сметала дека графитите и археологија се компатибилни, и дека може многу да се дознае од нив. Кога минатата година го имав мини-серијалот за Графитите (1,2,3) во една прилика кажав дека:

,,Независно каков и да е нашиот став кон оваа урбана уметност, и покрај нивната евтина вредност, значењето им е двојно. Од една страна различните типови на писмо употребени од луѓето во минатото можат да им помогнат на археолозите да датираат некоја градба. Од друга страна, графитите се непроценливи за историчарите зошто фрлаат светлина за секојдневниот живот на обичните луѓе за периодот во кој настанале, како и интимни детали за обичаите и општественото уредување”.

Линк до VENI, VIDI, GRAFITI!!!

Никогаш не заборавајте дека сегашните графити по ѕидовите се основа за некое идно истражување во археологијата, кое може да биде третирано од социјален, естетски, политички или било каков друг аспект.

Графит во тоалетот на МКЦ   Графит во тоалетот на МКЦ

Графити во тоалетот на МКЦ

Како резултат на истражувањето на графитите од страна на археолозите се создаде Graffiti Archaeology Project, за кој дури и престижната публикација на Археолошкиот институт во Америка и посвети напис во својот последен број.

А slick, clever, Flash-based website that lets visitors explore massive murals, zoom in, and overlay more recent works on older ones like layers of painted acetate.

Линк до написот

Поука: ,,Aко сакате да си го зачувате приватниот живот, не пишувај те графити!!!” 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here