Home Археологија Зошто би граделе пирамида кога можеме да си ја најдеме или да...

Зошто би граделе пирамида кога можеме да си ја најдеме или да си ја купиме

1,675 views
1

Во најновиот број на списанието Archaeology magazine поместена е една интересна статија ,,Како да изградите пирамида“. Меѓутоа градењето на пирамида чини многу пари, време, напор и нерви. А може и луѓето што ви работат да ви приумрат во меѓувреме, во зависност од временскиот интервал кој е потребен за нејзиното градење.

Во случај да се решите сепак да имате пирамида, можете и да си пронајдете како што тоа го стори господинот Османагиќ. Случајот со Пирамидата во Босна некако стивна, но тоа е само привидно.

Групацијата на блогови обединети под името AntiPyramid Web-Ring (APWR) во која членуваат и некои мои колеги археолози, мошне успешно со свои луѓе на теренот ја следи целата кампања на дотичниот квази археолог, кој ете и после две години не успева да се справи со ситуацијата. И порано имам споменато дека на овие блогови може да се прочитаат епизоди на Босанската влада како во скеч на Монти Пајтон, а во линковите од официјалните гласила постојано се доведува под знак прашање босанскиот идентитет.

Dok ovo pišem, čitam kako je u tunelima „pronađen prvi arheološki artefakt“

 

 

 

„Uklonjene su tone odronjenog materijala iz tunela. Njihovim pažljivim pregledom uočeni su dijelovi kamenog točka. Njegov radijus je oko jedan metar. I mada je točak pronađen u dijelovima to ne umanjuje njegov značaj. Zasad nema indikacija kojem periodu pripada. Točak je ostavljen na mjestu na kojemu je pronađen za daljnju arheološku obradu.“

Međutim dva ‘dijela’ ovog ‘točka’ vidljiva su na jednoj od slika koje su još mjesecima ranije u tunelima snimili naši aleksinački digitalni rašljari–

–prema čemu je očito da ‘točak’ nije „ostavljen na mjestu na kojem je pronađen“ kako se tvrdi u priopćenju Fondacije, već je jasno da je sklepan od pronađenih i donesenih dijelova koji čak ni približno ne izgledaju kao da pripadaju istom komadu materijala.

Линк до блогот на Stultitia

Јас предлагам едно друго решение. Чинам дека ќе е најдобро ние да си купиме, позјамиме или изнајмиме една пирамида. Па со помош на менаџерите за култура (кои се уште ги немаме) да пробаме да се ставиме на мапата на светот, бидејќи веројатно тоа е единствениот начин да о(п)станеме пред да бидеме фиромизирани, избришани и заборавени во раскошната палета на културни богатства.

Препорачани линкови:

1. Босанските пирамиди – псеудо или археологија?
2. Срушена босанската пирамида
3. Пирамидата во Босна – природна формација
4. Апдејт на Пирамидата во Босна
5. Пирамида на сонцето – рецензија на емисијата на HRT1
6. APWR и недостаток на идентитет

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here