Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

PostHeaderIcon Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство

 

Зошто имаше само 200 посетители на концертот

Да имаш бесплатен концерт на група за која во светот луѓето плаќаат скапи карти и тоа на локалитет кој е од витално значење за светската култура, во наши услови е рамно на подвиг. Но, и ти драг читателу да требаше до монументален објект како што е Скопскиот Римски Аквадукт да дојдеш со помош на гатање на гравчиња зачинето со крос кантри екскурзија низ беспаќата на населбата Бутел, ќе ти беше јасно зошто на денешниот концерт на Синтезис имаше само околу 200 посетители.

Со музичкиот перформанс кој траеше 1 час, „Синтезис“ го започнаа својот мини-проект кој е замислен како промоција на културно-историски споменици и локалитети во Македонија на кои тие ќе одржат бесплатен концерт. Да се надеваме дека ќе ги заживеат заборавените споменици на културата кои имаат големо значење за нашата земја.

Аквадуктот ќе потоне во мочуриштето

Поткопуван од локалното население како извор за градежен материјал, Римскиот Аквадукт кој со децении тоне во заборав, уште малку ќе потоне и во мочуриштето кое се наоѓа до него и од кое се загрозени неколку столба. Полни со вода и со голем процент на влажност, огромна е можноста од нивно трајно оштетување и рушење. Покрај ова, на сета мака веројатно не е решен и проблемот со околното земјиште кое ,,наводно” општина Бутел сака да го уреди естетски, бидејќи не сум запознаена дали е почнат процесот на експропријација на нивата која се граничи со него.

Објектот, кој е направен од камен и тули, има импресивна големина. Долг е околу 400 метри, а имал 200 лака, од кои денес се зачувани 55. Три од нив (оние под кои Синтезис го одржаа нивниот концерт) се реставрирани по нивното оштетување од земјотресот во 1963 год. Според повелбите за заштита, реставрација и конзервација на архитектонските објекти значајни за светската култура, тие визуелно се разликуваат од оригиналната структура на Аквадуктот.


(Не)грижата за културното наследство представува лична карта за интимната хигената на една нација кон своите корени.

И порано имам споменато дека една од главните ставки за влез во ЕУ е грижата на една земја за своето културно наследство и успешно менаџирање на истото. На субјектите кои се задолжени за горенаведеново како да не им е јасно дека доколку самите не се справиме со него, ќе се соочиме со фактот дека еден ден ќе ни дојдат од страна големите ,,глаучи” и ќе не распоредат и нас и нашите обврски како пиони на шаховска табла. Па ќе играме така, како што тие ќе ги прават потезите на таблата.

Но во земја каде новинар станува некој кој завршил несоодветен факултет, а со менаџирање на културата се занимаваат политичките партии, а не субјекти кои се надлежни, одговорни, ем башка едуцирани за истото, веројатно тоа и ќе не снајде.

Затоа на проектот кој го започнаа Синтезис гледам како на процес кој треба да трае и да се надоградува. Римскиот Аквадукт како да добива една нова димензија со медиумската хаварија која се создаде околу него. Но веќе беше редно време за архитектонскиот објект од прв степен, да си го избори своето место на мапата на светските културни богатства.

Браво и за оние неколку блогери кои се најдоа во публиката. Им се наполни душата на тивкото сонце со музичката култура која треба да се отсонува во секој дом. Со една ,,Варгина” и уз едно добро кафе подоцна во Лептокарија. :)

Препорачани линкови:

- Аквадукт кај Скопје
- Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт – ќе биде или не
-
СЛОВЕНЕЧКА – кратка историја за нејзината долга изградба
- Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
- Аквадукт & Синтезис


Како и по обичај, Волан се покажа многу поажурен од сите фото-репортери кои беа таму, а ги немаше многу. Му благодарам што го сподели видео клипот со сите нас.

 

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , .

Bookmark and Share

One Response to “Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
May 2007
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes