Дома Антропологија Петровден -> ноќ спроти Павловден

Петровден -> ноќ спроти Павловден

2,090 views
0

Св. Петар

или кога се спојуваат светото со профаното

Според МПЦ денеска е Петровден, а утре Павловден. Не случајно божјиот храм Св. Петар и Павле подигнат на сред село во Галичник, е именуван по нив. И токму ѕвоната на овој храм, оваа како и секоја година ќе дадат прилог кон кулминацијата при т.н. галичка свадба.

Споменат од Сердарот па се до…

Крај Галичник постои ритченце малечко, свето,
врби насадено сето
и шумоли поточе брзо
ко змија, течејќи,
кристални води леејќи (Глигор Прличев)

Поезија од камен и дрво или на еден архаичен начин се овоплотени многу вистинитости и обесмртена една судбина? Случајно или не, Прличев со малку  зборови успеал да ја долови светоста на едно место.

Галичка куќа

…Тоа е простор за кој постојано, и во војна и во мир, сакале да го освојат-присвојат, останало Мијачкото царство, хомогено, изворно, автентично. Понекогаш љубоморно завидно самото на себе, а камоли на други! Галичник. Ремек дело на градителската Мијачка рака-куќи-кули.

 Пред градот, град.Радован Павлоски

Опеан, опишан, доловен, уште еднаш во последниве 40 години пресоздаден, Галичник е планинско село од збиен тип во облик на амфитеатар. Во него нема ниту една рамна улица. Се е накосено и не е чудо што децата тука многу брзо проодувале. Но најмногу од се плени автентичната архитектура со својот посебен архитектонски автохтон облик т.н. чардак. Големиот архитект Френк Лојд Рајт рекол:

“Секој голем архитект во своето битисување е голем поет”

Галичките чардаци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име