Дома Археологија Во Македонија имало Неандерталци – Најстарите остатоци од животот на човекот во...

Во Македонија имало Неандерталци – Најстарите остатоци од животот на човекот во Македонија

1,629 views
0

Во Македонија имало неандерталци

Потврдено е дека испратените примероци на алатки ги изработувал неандерталец во периодот меЃу 47.100 + 4.800 и над 50.000 години пр.н.е.

деновиве го доби очекуваниот позитивен одговор од германската лабораторија од Институтот за физика на Универзитетот Ерланген во , дека во имало , како потврда на испратениот вреден материјал од извршените истражувања, материјал кој датира од времето на мустеријенот, односно средниот палеолит.
Потврдено е дека испратените примероци на алатки ги изработувал неандерталец во периодот меѓу 47.100 + 4.800 и над 50.000 години п.н.е, а датирањето, според истражувачот на овој значаен период во земјава Љиљана Шаламанов-Коробар, виш кустос за , било извршено врз два примерока од јаглен од огништа, пронајдени во слоевите од пештерата кај , во , општина .
Љиљана Шаламанов -Коробар потсетува, и во оваа прилика потенцира, дека во 1999 година, за прв пат е вршено пробно сондирање во пештерата Голема Пешт кај село Здуње, кога се откриени 26 камени артефакти и фрагментиран фаунски материјал. Во 2003 и 2004 година започнале систематски ископувања и од две кампањи биле откриени 6 000 камени артефакти и 4 900 животински коски.
“Најверојатно станува збор за , бидејќи ископувањата се на мал простор од 6 метри квадратни и на длабочина од 70 см, а концентрацијата на наодите е многу голема. Карактеристичните типови на орудија отсуствуваат, односно или се наоѓаат во некој од другите простори на пештерата или пак се изнесени надвор. Доминантни се одбитоците кои се делумно ретуширани (во збирката има и назабени и со засек орудија), но сепак, тие не можеа да ја разрешат енигмата на локалитетот ” – вели таа.
Годинава добиените мали финансиски средства биле пренаменети и биле поканети пет специјалисти од повеќе области за да ја извршат потребната детерминација на материјалот: др. Д. Михаиловиќ – професор на Филозофскиот факултет во Белград, специјалист за горен палеолит и мезолит; др. С. Сиракова – од Археолошкиот институт во Софија – специјалист за среден и горен палеолит; мр. И. Крумов – специјалист за среден палеолит; др. В. Димитријевиќ – палеонтолог – професор на Геолошкиот и Филозофскиот факултет во Белград; мр. М. Маринска – од Институт по зоологија од Софија (обработката на микрофауна е во тек).

Врз основа на мултидисциплинарните податоци бил добиен одговор за присуството на период и фаза која подолго време се сметаше дека е епипалеолитска (ран мезолит), за која што заблуда, напоменува Коробар, било виновно присуството на кварцот – суровинскиот материјал кој преовладува дури во 80% од малиот број на парчиња од риолит, базалт и јаспис. Исто така, во прилог на мезолитскиот карактер на наодите, одела и нивната микродимензионираност.
За присуството на крупна фауна во откриваниот период, говорат и следните податоци: најбројни, дури со над 80% се остатоците од елен, а во многу мали проценти се потврдува присуство на , , , , , , .

“Големиот број на откриени јадра, претставува главен показател за техниката која била употребувана (начинот на кој се одбивани одбитоците) и тие го детерминираат откриениот ансамбл во доцниот среден (со левалоа и дисковидна концепција). Сепак, се чекаше одговор од германската лабораторија од Институтот за физика на Универзитетот Ерланген во Нирнберг” – вели Љиљана Шаламанов-Коробар, која потенцира дека, пештерата каде е откриен вредниот материјал е засега најстар локалитет на тлото на Р. Македонија, но и дека “сме горди што нашето потекло носи гени од тоа толку далечно време”.

Таа изразува и голема благодарност до Министерството за култура кое минатите години одвојувало финансиски средства за проектите во Здуње, без чија што подршка никогаш не би можело да се дојде до епохалните откритија.

статијата е копирана од тука

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име