Последните десеттина години интензивно се занимавам со одржување на едукативни:
• Предавања
• Работилници
• Семинари
• Конференции
и некојпат
• Интерпретациски едукативни тури
Создавањето, организирањето, менаџирањето и одржувањето на едукативните дејности може да се случи да го правам индивидуално, но најчесто тоа го правам во рамките на моите секојдневни работни обврски како креативен директор на ХАЕМУС. Некојпат тоа спаѓа во генералните активности на ХАЕМУС, а честопати и како дел од активностите на официјалниот УНЕСКО Клуб ХАЕМУС.