Home Конференција, симпозиум Како да напишеш успешна апликација за ЕУ грант на твојата организација

Како да напишеш успешна апликација за ЕУ грант на твојата организација

3,099 views
0
With_Ambassador_of_France_in Macedonia_His Excellency_Mr._Christian_Timonier
Со НЕ г-дин. Кристијан Тимоније, амбасадор на Франција во Македонија

Изминатиот период со дел од тимот на ХАЕМУС, бевме на обуката за „Раководење со проектен циклус и ЕУ фондови“ која се одржа на 27-28 ноември 2017 година во Струга. На овoj настан учествуваа претставници на граѓански организации и локални самоуправи од Република Македонија, а беше спроведена во рамките на еден поголем проект насловен како „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓански организации и медиуми 2015 и спроведуван од АЛДА Скопје, Здружението на финансиски работници од Велес и Европското движење Република Македонија. Оваа обука конкретно беше дополнително поддржана и од Децентрализираната соработка помеѓу Нормандија и Македонија, па следствено на тоа беше отворена со говор на НЕ г-дин. Кристијан Тимоније, амбасадор на Франција во Македонија.

Training_for_EU_applications_Haemus

Голема благодарност до нашите обучувачи Фисник Шабани и Зоран Илиески кои во рок од 2 дена со полна агенда и на различни теми, ни укажаа на шеми како успешно да се напише апликација за проект во некои од ЕУ фоновите и ни предочија палета на алатки за таа намена, во чија позадина стои логичка рамка. Моето лично искуство со пишување и реализација на проекти финансирани од ЕУ ми покажало дека за успешна апликација не треба да се има само среќа или како мене талент за пишување, ами нужни се дополнителни обуки и знаења, бидејќи пишувањето на апликации за проекти секако покрај многу знаења и искуство, е еден голем занает.

Главната цел на оваа обука беше запознавање со термини како што се проектен менаџмент и проектен циклус, како и запознавање со ЕУ фондови наменети за граѓански организации и локални власти со цел да се подобри квалитетот на проектите за локален развој. Некои од темите кои беа опфатени, се однесуваа на: проектен циклус и проектен менаџмент, процес на подготовка и имплементација на проект (идентификување, формулирање, имплементирање и евалуација), алатки за пребарување на достапни фондови, вовед во ЕУ фондовите (ИПА и програми на ЕУ). Сите учесници кои континуирано беа присутни на предавањата, се здобија со Сертификат за посета на овој вид на обука.

Sertifikat_Vasilka_Dimitrovskai_training_EU_projects

Според статистките, искористеноста на достапните ЕУ фондови од страна на македонските организации и институции е многу мала. Во рамките на овој текст е вгнезден еден прирачник на кој начин можете да ја унапредите социјалната вклученост на вашата организација/институција преку ефективно искористување на ЕУ фондовите. Се работи за прирачник за ЕУ проектен дизајн и раководење со проектен циклус. Доколку не ја имате основата, не се надевајте дека на среќа ќе ви бидат ,,дадени” пари од ЕУ да резализирате некаква замисла или проект. Ако не успеете да го разберете овој прирачник или не ви е доволно јасна терминологијата, тогаш е најдобро да си побарате консултација или адекватна обука во близина на вашето живеење или работа.

Priracnik_za_EU_grantovi

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here