Home Археологија Среќна Баба Марта 2017 – изложба и базар на ракотворби

Среќна Баба Марта 2017 – изложба и базар на ракотворби

2,780 views
0

По повод ‘Среќна Баба Марта’ – 01.03.2017

Cover_martinki_HAEMUS_2017

Од своите почетоци во 2012 год., ХАЕМУС е инволвиран во приказната со мартинките. Од 20114 год. натаму, тимот на ХАЕМУС е потписник на македонскиот дел од мултинационалната апликација во УНЕСКО и со самото тоа статусот на организацијата ќе порасне во однос на товарот кој треба да се понесе за промоција на сопственото културно наследство. Токму со цел да се промовира нематеријалното културно наследство, вклучувајќи одредени заедничките културни обичаи на Балканот практикувани од дамнина, ХАЕМУС во 2013 година го старуваше ‘Денот на Баба Марта’, проект за заедничките културните традиции на Балканот. Како дел од овој долготраен проект се настаните кои ХАЕМУС ги празнува секоја година на 01.03. прославувајќи ги во исто време доаѓањето на пролетта и древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки. За таа цел е подигнат и официјален веб сајт: http://grandmamarchday.com/, каде по години можат да се следат активностите на ХАЕМУС.

Grandma_march_Day_2014_HAEMUS
Од настанот на ХАЕМУС повод Среќна Баба Марта, City Mall Skopje 2014

Оваа година настанот под мотото ‘Среќна Баба Марта 2017 – подарете на најблиските мартинка за среќа, љубов и здравје’ го организира УНЕСКО клубот ХАЕМУС, во соработка со ЛУ Градски Музеј Крива Паланка и поддршка на Ramstore Mall – Skopje. Настанот ќе се случува во Ramstore Mall Skopje од 24.02.02-03.2017 год (10-20ч.), а се прави како поддршка за мултинационалната апликација поднесена од четирите држави во УНЕСКО, во која учествува и Македонија, заедно со Романија, Бугарија и Молдавија. Целта е заштита на мартинките како нематеријално светско културно наследство.

Настанот се состои од неколку компоненти:

– изложба на оригинални рачно изработени амајлии од Македонија, Бугарија и Романија
– изложба на модерни амајлии изработени од Модното студио Маеста
– археолошка визуелизација на праисториското потекло на мартинките преку археолошки предмети од територијата на Р. Македонија
– едукативни панели
– проекција на документарни филмови
– продажна галерија со ракотворби
– креативни работилници за деца

Настанот се прави под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

Локација: штандот на HAEMUS каде што ќе можете да најдете мартинки, ќе биде поставен на 1. спрат од Ramstore Mall Center, веднаш до ескалаторот.

Повелете во Ramstore Mall Skopje помеѓу 24.02.02-03.2017 год, од 10-20ч. да си изберете и да подарите мартинки за среќа, радост, љубов и ксмет на вашите најблиски.

Официјален веб сајт: http://grandmamarchday.com/

Fb настанhttps://www.facebook.com/events/362288584156022/

Grandma_march_Day_2016_HAEMUS
Големата меѓународна патувачка изложба што ХАЕМУС со своите партнри од Србија, Романија и Бугарија ја стартуваше во 2016 (City Mall, 01.03.2016)

Изработката и поклонувањето мартинки на најблиските е традиција која во Република Македонија се почитува со стотици години. На овој ден карактеристични црвени и бели висулци, топчиња и исплетени бразлетни познати како мартинки се разменуваат или се поклонуваат на најблиските, и се носат закачени на облеката или врзани од зглобот на раката. Постојат различни обичаи при традиционалното подарување на една мартинка. Генерално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја меѓусебно испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година.

ХАЕМУС ги почитува мартинките како нематеријално културно наследство и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција.

Инфо:

Во одредени делови на Балканот (Македонија, Бугарија, Романија, Молдавија) постои обичај поврзан со првиот ден на месец март. Тој се нарекува ” Среќна Баба Марта”. На овој ден се подаруваат рачно направени амајлиии направени од црвен и бел конец. Овие амајлии се познати под многу имиња како: мартинки (Македонија), мартеница (Бугарија), мартишор во Романија и Моладавија. Се подаруваат на најблиските со позитивна порака и најчесто се носат на рака како белегзија или закачени на облеката, се додека не расцвета првото дрво или додека не се види првиот штрк/ластовица, кога мартинката најчесто се става под бел камен или пак се закачува на гранка од дрво. Оваа традиција, за која се верува дека има предхристијанско потекло, во себе носи различни верувања пред сé поврзани со заштитата и магијата на црвената и бела боја кои претставуваат здравје и прочистување, но и со одбележувањето на доаѓањето на пролетта и првиот ден од аграрната нова година.

УНЕСКО

Од 2013 година обичајот „Денот на Баба Марта“ под работно име ,,Културни обичаи поврзани со 1 март” преку мултинационалната апликација од страна на Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија е предложен да се постави на листата на светско нематеријално наследство на УНЕСКО. Македонскиот дел од апликацијата помеѓудругото се темели и на поддршката која во писмена форма ја даде тимот на ХАЕМУС. За да се одобри оваа апликација од страна на УНЕСКО, ќе се гласа во ноември 2017 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here