Home Интернет Да, Ти си Светско Чудо

Да, Ти си Светско Чудо

2,590 views
1

 

Откако Охридското Езеро и пештерите кај Матка влегоа во вториот круг за светски чуда, изминатиов период ми се затрпа inbox-от со форвадрувани пораки за да гласам. По некое непишано правило ако се лупам по градите како патриот, би требало да гласам за нив беспоговорно само затоа што се наши, не земајќи го во обзир фактот како овие две локации се нашле на листата и по што точно се разликуваат од другите вакви слични локации какви што ги има милиони на светов.

Исто така спорен момент при гласањето е и фиромизирањето на местото од каде потекнуваат номинираните ентитети, што навистина ми пречи. Но тоа и не би требало толку да не чуди бидејќи покрај  Мајкрософт кој продолжува да не фиромизира со Вистата, очигледно дека фан на таквото етикетирање е и седиштето на UNESCO. Можеби никој не би очекувал вакво неприкладно однесување од организацијата која се труди да го заштити културното наследство во светот. Или можеби ваквите организации чија работа е да го заштитуваат (само не знам со што) светското културно богатство, го заштитуваат културното богатство само на FYROM, ама не и на Македонија.

Наспроти дебатата помеѓу Развигор и Зомбификација (1, 2, 3) дека попаметно од гласањето е петиција во која би се побарало од организаторот (НВО од Швајцарија) да престане да не FYROM-изира, сепак мислам дека би требало да се разврзе дискусија за домашниот статус и односот на луѓето кон Охридското Езеро како едно од светските чуда.

Светско чудо по што – по негрижа за хигиената и здравјето на луѓето и мерење на уринирањето по ml/езерска вода?

Дали треба да бидеме среќни што ваквите информации одат само на македонски јазик, па светот нема шанса да ги разбере и тешко ги следи “солените” шеги на македонските медиуми кои не се ништо друго туку рефлексија на нашата реалност?

Сепак, за оние кои сакаат да гласаат тоа можат да го сторат на официјалната интернет страница наменета за овој настан. Гласањето ќе трае до 7-ми јули оваа година, кога од првопласираните 77 кандидати ќе се избере 21 финалист.

А јас се чудам како не почнале да се вртат реклами на Тв за настанов со вперен прст и слоганот ,,Да, Ти си Светско Чудо“. 😀

1 COMMENT

  1. Vasilka, se soglasuvam so tvojot komentar za patriotizmot, megjutoa (za zal) povekje od sigurno e deka i glasacite od drugite zemji pretezno ke glasaat za mesta sto im se bliski – nezavisno od toa dali go zalsuzuvaat epitetot svetsko cudo. Jas bi glasal za poveke mesta. Mislam deka postoi takva moznost 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here