Home Археологија Како изгледа мојот свет од камен

Како изгледа мојот свет од камен

2,858 views
0

Неделава се појави мојот најнов труд во научното списание Journal of Lithic Studies. Се работи за рецензија на серија работилници за праисториска технологија кои благодарение на студените од катедрите по археологија при УКИМ и при УГД, како и логистиката од Музеј на град Скопје, се случуваа во февруари и март 2014 год. 

banner-workshop-stories-written-in-stone

Работилниците под наслов ‘Приказни врежани во камен‘ во организација на ХАЕМУС, претставуваа надополнување на академската програма на факултетите по археологија и беа насочени кон запознавање на студентите и партиципантите со теориските и практичните аспекти на анализата на камените артефакти. Опфатени беа следните категории: анализа на суровините, технолошка, типолошка и функционална анализа на артефактите, статистичка обработка на податоците и интерпретација на резултатите од анализата.

[youtube]BV8ghEUsbjI[/youtube]

Да, знам дека звучи досадно. Ама исто така знам дека раздобјата од развитокот на човекот се именувани според материјалот од кој биле изработени орудијата. Периодите од праисторијата во светот и кај нас, како што ни покажуваат нивните имиња, претежно се темелат на камените ракотворби. Сепак, и покрај тоа што терминот камено доба значи дека има присуство на камено орудие (по нашки кажано кремен), со исклучок на старото камено доба, керамичката продукција и орнаменитика кај садовите секогаш била најмеродавна за културно-хронолошкото дефинирање на останатите праисториски периоди. Заклучоци секако има многу, но најважниот е дека сето ова кое го слушнаа студентите од мене, всушност се учи во првите четири семестра на факултетот по археологија секаде во свет, освен се разбира кај нас. Токму оттука и произлегува фактот што за цели 20 години, освен мене, ниту еден друг студент не го одбрал научниот пат кој ќе го одведе до најголемите тајни на древните светови од камен. Се надевам можеби во иднина дека овој став кон најстарите праисториски периоди ќе се промени, за доброто на македонската наука и археологија. 🙂

Stone tool workshop II by HAEMUS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here