Home Археологија Perfect (virtual) murder

Perfect (virtual) murder

2,574 views
2

Во овој пост решив малку да се занимавам со убиствата. Нели ви паднало чудно што сите археолози обожаваат убиства. И се трудат да ги oдгонетнат. Верувајте, колку и да звучи бизарно, не постои археолог кој не сака да копа гробови. :))))

Дали би сакале да извршите совршено убиство? Испланирано до најситниот детал, без никој да ве открие. Да го припремате долго и осветољувиво, за потоа да ликувате. А што ако најмите тим на форензичари? Да ги платите најдобрите научници кои се занимаваат со истажување на убиствата, за да ви смислат убиство од кое нема да остане ни трага? Може ли да се прелаже форензиката?

За жал ќе морам да ве разочарам. Совршено убиство не постои, иако можеби постои совршен план.

Скоро секогаш има потешкотии да се докаже некое убиство во нашето совремие, а замислете тоа да се случило пред илјадници години. Но со помош на методологиите од форензиката, дури и најситниот детал станува доволно видлив за да потврди одредени претпоставки.

Овие благодетите кои ги носи 21 век во форма на придобивки од IT технологијата, ги користат и археолозите. Така во последните 20 години создадена е уште уште една научна гранка т.н Форензичката археологија. Современите форензичари – археолози како и криминолозите – форензичари работат со најновите техники, методологии и софтверски програми. Токму тие им овозможуваат да изгенерирааат компаративни податоци на чија база подоцна по пат на елиминација, побргу се доаѓа до решението. Единствено најголемата разлика кај современите форензичари во однос на класичните археолози е во тоа што работат со случаи кои се сега и овде, а не со убиства стари илјадници години, каде попатно временски поради најразлични причини, се изгубиле повеќето од информациите. И не се достапни за споредба, поради тоа што изчезнале, или постојат само во еден примерок кој ако се даде на анализа би се уништил засекогаш.

Предностите и инструмените кои ги користат археолошките форензичари  се употребени во обидот да се докаже едно убиство од железното доба на т.н. Lindow man, национално богатство на British Museum. Всушност се работи за човечко тело кое добро се конзервирало, благодарение на тоа што со векови било депонирано во едно мочуриште во близината на местото Lindow Moss, СИ Англија.

Да се вратиме за момент пак на убиствата. Виртуелното убиство е уште по перфидно од она физичкото, иако и тука постои т.н. компјутерска форензика. За Интернетот важи правилото дека што и да направите во дигиталниот свет, оставате уште повидлива трага отколку во реалниот. Jас на вас не мора да ви се допаѓам, но можам да ви го променам, па дури и убијам вашиот виртуелен идентитет. Сопствениот идентитет го креирате самите вие. Можете да создадете колку сакате идентитети на Интернет според својатата желба и соништа. И потоа да се обидете да ги убиете. Но знаете ли кој може всушност може да го убие виртуелниот идентитет? Не оној кој го поседува никот, туку оној кој го поседува пасвордот. 🙂

Тука веќе нема помош ни од форензичарите. 🙂

2 COMMENTs

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here