Home Антропологија Снимаме скапи спотови, а дома ни ги тепаат странските туристи

Снимаме скапи спотови, а дома ни ги тепаат странските туристи

1,932 views
0

Дали треба да се вознемирам на информацијата која ја објави Тв Телма дека во саботата ‘Странски туристи биле ограбени и претепани во Скопската Чаршија‘? Секако дека не се возбудувам и воопшто не ме чуди, оти тоа е мое секојдневие со кое се борам со години додека водам странски туристи низ разглед на Скопје. Oва малтретирање е особено изразено во стариот дел на градот, на потегот од Даут Пашиниот Амам преку Камениот Мост, па се до плоштадот.

Повеќепати сум реагирала и преку социјалните мрежи и јавно на медиуми, бидејќи секогаш кога се потребни, полицајците ги нема. Сум твитала или пишувала статуси на фб од лице место кога сум имала проблем. Милион пати сум се јавувала во полиција да реагирам однапред ако предвидам гужва, за да најавам дека ќе имам голема група, да не се случи не дај боже некој проблем. Сум имала едночудо инциденти! Додека ги дочекаш да дојдат полицајците, групата или има 2 часа за разглед или веднаш потоа заминува (за друг град или на пр. од државата), а тие се уште се клацкаат во некое кафанче. Ова е работа за која ќе потврдат сите менаџери на кафулињата околу плоштадот во Скопје. Да не го споменувам и проблемот со малолетните но агресивни роми кои тобожем просат, а понекогаш маваат и со камења по туристите, а лани кога на 1 мој клиент му дупнаа глава, ќе настанеше меѓународен скандал.

Мој твит од лани. Баба лаже, твитер не лаже!

Долга е листата на нашата негрижа кон туристите, а и кон туристичките водичи. Сите овие факти им се веќе познати на институциите, па сепак до сега ништо не превземале. Ние важно снимаме скапи спотови, а дома во својата сопствена земја ни ги тепаат и ни ги малтретираат странските туристи. И џабе толку пари фрлени за туристички спотови и за нивно емитирање по странски телевизии. Се е џабе кога на терен се потфрла. Ромите, оние кои просат и дивјаците кои облетуваат туристи ја добија битката против институциите на државата со службен резултат од 3:0. А јас најдобро знам како ми е на душата секоја тура кога стрепам да не се случи уште некој инцидент.

п.с. патем да напоменам дека Стопанската Комора за туризам на РМ и Здружението на водичи и придружници на Република Македонија веќе 2 години се борат во Скопје да се воведе туристичка полиција како во Охрид, но постапката е се уште во тек!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here